Пребарувачот “Mozilla Firefox” за првпат има поголем удел на пазарот од двата слични производa на “Мајкрософт” – “Edge” и “Internet Explorer”.
Тоа покажува информации на интернет сајтот “StatCounter”, цитирана од некои изданија. Сајтот ги прави пресметките на база на податоци од 3 милиони = вебсајт и 15 милијарди посети на страници месечно.
Минатиот месец 15,6% од интернет сообраќајот на персонални компјутери поминале низ “Firefox”. Тоа е за 0,1% повеќе од двата прелистувачи на “Мајкрософт”. Трите програми сепак се далеку од популарноста на “Google Chrome”, кој има 1 милијарда корисници на секакви платформи и е одговорен за 60% од сообраќајот во “StatCounter”. “Safari” на “Епл” и “Опера”, кој од неодамна е во сопственост на кинеска компанија, исто така се меѓу најпопуларните алтернативи. Од “StatCounter” сепак предупредуваат дека податоците често се менуваат од месец на месец и се непостојана “слика”.