Основачот на шведската видео игра Minecraft – Маркус Алексеј Персон живее во единствен замок, оценет на вредност од 70 милиони американски долари.
Куќата на програмерот-милијардер се наоѓа во најпрестижниот кварт на Лос Анџелес – Беверли Хилс.
Според медиумите Маркус се заљубил во објектот најмногу поради неговиот елегантен современ дизајн и спектакуларен панорамски поглед на центарот на Ел Еј и кон Пацификот.
Куќата на Персон, чиј прекар е “Нотч”, располага со гаража за 16 автомобили, фитнес сала и џиновски инфинити базен.
Состојбата на 36-годишниот програмер, роден во Стокхолм, се проценува на 1,5 милијарди долари. Маркус нема семејство и деца, и е познат како осаменик.
Видете ги сликите на уникатниот имот во галеријата.
Маркус Персон; Фото: dailymail.co.uk