Самитот во Варшава ќе биде лахмусов тест за одлучноста на членовите на НАТО пред лицето на таква закана. Формалното активирање на првиот систем на НАТО за одбрана против балистички ракети во Девеселу, поранешна воздушна база во јужниот дел на Романија, додаде уште еден детаљ на веќе затегнатите односи меѓу Русија и Западот. Оценките на безбедноста за источното и јужното крило на НАТО се влошија по нелегалното анексија на Крим од Русија, како и руското воено присуство и постојана поддршка за вооружените бунтовници во источниот дел на Украина, военото присуство во Сирија и повторливите нарушувања на воздушниот простор и територијалните води на земјите-членки на НАТО.

Руската агресија изгледа е насочена како кон заживување на поранешната суперсила, така и кон обновување на нејзините зони на влијание надвор од непосредното соседство. Лоцираниот во Романија систем наречен Aegis Ashore, се состои од два радари AN / SPY-1 и три ракети SM-3, кои поразуваат проектили. Ова ќе ја зголеми способноста на НАТО да го заштити евроатлантскиот регион против балистички ракети со мал и среден дострел. Романската база, заедно со друга во Полска, е дел од Европската фазен прилагодлив пристап (EPAA), кој беше објавен од американскиот претседател Барак Обама на 17 септември 2009 година .
Нова руска ракета ja поништува американската против ракетна одбрана крај границите на Русија
Четирите бродви “Иџис”, способни да поразуваат балистички ракет, се наоѓаат во Шпанија и радарскиот систем во Кјуречик-Малатиа во Турција, отворена во јануари 2012 година, исто така, се елементи од ЕРАА и ќе работат во синхронизација. Системот стана активен во 2012 година, како што беше договорено на Лисабонската средба во 2010 година, но нејзините командни и контролни системи се управувани од американската воена база во Рамштајн, Германија. Од самиот почеток Русија се противи на идејата за ЕРАА преку изразување на загриженост за нејзината национална безбедност.
Иако претставниците на НАТО и САД постојано го нагласуваат одбранбениот карактер на системот и истакнуваат дека првична цел е веројатна закана со балистички ракети од Иран и други неконтролирани држави, јасно е дека заканата од Иран за Западот не го оправдува создавањето на ваков скап и голем систем. Скорешниот нуклеарен договор со Иран, исто така поништува слично објаснување. Покрај тоа растечката во последните две години тензии меѓу Русија и Западот го принуди НАТО да се концентрира на конкретни активности за зголемување на одбранбените капацитети на членовите од источното крило.

НАТО, како и одделните земји-членки го зголемија бројот на воени вежби во близина на руските граници во согласност со Планот за подготвеност за акција, договорен на самитот во Велс во 2014 година .Заедничките оперативни сили со висок степен на подготвеност, кои ќе бидат во состојба да се распоредат во рок од два дена на позициите на борбените дејства, треба да ја смират нервозата на нејзините источни членови. Но тие се уште не се активирани. Без ваква заедничка сила Балтичките земји нема да се во состојба да се спротивстават на хипотетички руско напад.
Русите исто го зајакнуваат западното и јужното крило. Распореди дополнителни сили и балистички ракети со мал дострел “Искандер” во Калининград, лоциран меѓу Полска и Литванија во почетокот на 2015 година, што беше директна закана за Балтичките земји. На сличен начин натрупувањето на нејзини војници во Крим се заканува на Источна Европа и регионот на Црното Море. Нешто повеќе, руски претставници се заканија да преземат контрамерки против заобиколувањето откако системот на НАТО во Романија стана оперативен. Рускиот претседател Владимир Путин беше уште појасен, кога рече дека Русија ќе “неутрализира вакви цели”. Поради тоа самитот во Варшава, која ќе се одржи на 8-9 јули, ќе биде лахмусов тест за одлучноста на членовите на НАТО пред лицето на таква закана. Членовите треба да прифатат дека НАТО има потреба од храбри и конкретни чекори, а не од нејасни ветувања на самитот, за да ја зголеми својата одвраќачка способност. Препотврдувањето на обврските на НАТО кон нејзините ранливи членови за можно распоредување на сили може и да заврши работа. / БГНЕС
——————————————
Мустафа Ајдин , “Хуриет “.