Најнови информации за ситуацијата во Сирија на “Рускаја Весна” соопштува жителот на Донбас со надимак “Тимур”, кој во моментов се наоѓа меѓу редовите на силите во Сирија. Во провинцијата Латакија терористите, како резултат на судирите со владините сили, отстапиле позиции во северозападно од населбата Џиср еш Шугур.
Во Алепо 5 600 терористи се подготвуваат за офанзива
Според податоците обезбедени од сириското разузнавање, во северозападната провинција Алепо бандитите од нелегалните воени формации ја зголемиле својата бројност од 2 700 до 5 600 лица. Во врска со тоа, може да се очекува офанзива на исламистите во насока на аеродромот Минник и автопатот Деир ел Џамал-Катма.
https://youtu.be/XWfnCxhrOkE
Покрај тоа, бандитите продолжуваат да фокусираат свои сили во реонот на градот Хан Туман, со цел идна офанзива кон северозападните и јужните квартови на градот Алепо.
Одредите на народното движење ликвидирале неколку десетици терористи од ДАЕШ во близина на браната Тишрин во северозападната провинција Ракка.
Во градот Тобака во провинцијата Ракка бандитите од ДАЕШ убиле тројца Сиријци по обвинение за шпионажа.
ДАЕШ формира “удрна тупаница” за ново офанзива кон аеродромот Тиффор
Во провинцијата Хомс, југоисточно од аеродромот Тиффор пристигнале до 200 терористи. Претходно во овој регион беа доставени неколку десетици единици автомобили и воена техника, вклучувајќи и 11 тенкови. Не е исклучено бандитите да формираат нова “удрна тупаница” за ново офанзива кон аеродромот.
ВКС ги притискаат “ан Нусра”, а се истснуваат ДАЕШ од Хомс
Сириските ВВС и руските ВКС ликвидирале бандити од “Џебхат ан Нусра” во градовите Ал Растен, Харбнафса, Умм Шаршух и Ал Зара во северната провинција Хомс.
Исто така, во текот на офанзивата на сириската армија и нејзините сојузници се ослободени западните области на гасните полиња “Шаер”.
До Дамаск армијата ослободила 11 населби
Сириската армија и единиците на народното движење ликвидирале неколку групи терористи во провинцијата Дамаск. 102-ра бригада на Републиканската гарда со поддршка на единиците на Либанската група “Хезболах” ослободила 11 населби во источна Гута, ликвидирале бандити од “Фајлак Ал Рахман” во близина на меѓународниот аеродром на Дамаск.
Сириските војници откриле голема мрежа од тунели кои водат од населбата Шебаа до град Деир ел Ассафир. Тунели се користат за магацини за оружје, муниција, прехранбени производи и средства за врска.
Џихадистите од ИД им забраниле на жителите на Ракка да заминуваат од “главниот град на калифатот” под секаков изговор и причина, соопшти агенцијата Sputnik.Според агенцијата, терористите почнаа да ги евакуираат своите семејства во Дейр ез-Зор, а први гоа напуштиле Ракка роднините на странските платеници. Истовремено ИД собираше во “главниот град” вооружување од градот Табак. Од затвор се пуштени криминалните затвореници за поддршка.
За возврат Курдите се прицврстени на 37 километри северно од Ракка. Според агенцијата, Курдските сили за самоодбрана извршиле мобилизација и се подготвени да гоа напаѓаат Ракка со поддршка од авијацијата на меѓународната коалиција
