(ВИДЕО) Антонија Гиговска со уште една маестрална изведба поблиску до финале на Пинкови ѕвездички

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Нашата Антонија настапи  во својата група на натпреварувањето по пеење „Пинкови ѕвездички“ и уште еднаш ги доби сите 5 столици од жирито горе, па секако си обезбеди влез во следниот круг од шоуто.Antonia-Gigovska-Mahovina

Таа овој пат се претстави со песната Маховина во оригинална изведба на САРА ЈО. 14 годишната скопјанката е една од трите македонски натпреварувачки кои се сè поблиску до финалето, воодушевувајќи со својот боженствен глас и талент.