Секој човек има свои позитивни и негативни страни. Иако знаеме тоа, често ги делиме луѓето на две главни групи. Оние кои се негативни и оние кои се позитивно настроени. Во кој тип се наоѓате почесто и како би се дефинирале себе си?
Следните забавни илустрации ќе ви покажат неколку очигледни разлики помеѓу тоа да си позитивен или пак не.
За луѓето со негативното размислување работите се такви какви што се и не можат да бидат променети. За разлика од нив, позитивните луѓе ја отфрлаат идејата за судбината и сметаат дека можат да го подобрат начинот на живот.
Негативниот човек не ги сака промените. Тој бега од нив. Позитивниот постојано ги бара, бидејќи таму наоѓа можности.
Ако сте позитивно настроен човек, тогаш вие ќе им помагате на другите, ќе се грижите за нив. Негативните луѓе сметаат дека нивните потреби се во центарот на универзумот.
Негативните луѓе мислат дека знаат сè и нема што ново да научат. Позитивните луѓе се љубопитни и секогаш се желни за уште интересни и корисни информации.
Кога ќе дозволиш грешки и ги обвинуваш за нив другите, тогаш лесно паѓаш во групата на негативно размислување. За позитивните луѓе нема момент во кој нема да ги видат грешките и да се обидат да ги поправат. Бидејќи тие ја преземаат одговорноста за нив.
За позитивниот човек, критиката може да биде прифатена како основен составен дел. Од друга страна негативните луѓе не сакаат да бидат критикувани.
Не очекувајте да добиете извинување од негативен човек, дури и во оние ситуации во кои тој разбрал дека греши. Позитивните личности секогаш наоѓаат начин да се извинат.
Негативниот човек е егоист. Тој мисли само за себе, не е заинтересиран за туѓите емоции и е подготвен да скрши нешто во вашиот пат, за да е добро. Позитивниот се труди да не ги повредува луѓето кои ги среќава.
Слики и идеја: brightside.mе; julia kamenshikova