Изјава за медиуми на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ:
За новиот корупциски скандал во Владата на ВМРО-ДПМНЕ одговорност мора да има.
Владимир „дил-ориентед“ Пешевски со години од позиција на вицепремиер директорувал со компанија од Кипар и со години го криел тоа, што е спротивно на Законот за спречување судир на интереси.
Прво, Пешевски молчи зошто не ја пријавил компанијата од Кипар во Анкетниот лист.
Второ, Пешевски молчи за приходите преку кипарската фирма и колку данок платил за тие приходи во Македонија.
Трето, Пешевски молчи како од сите фирми на светот, станал директор баш на офф-шор фирма од Кипар.
Омилени фирми за врвот на владата и ВМРО-ДПМНЕ се офф-шор копаниите и рајските дестинации коишто ги кријат вистинските сопственици и трансферите на парите.
Пешевски мора да сноси одговорност.
Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција не смеат да молчат туку мора да преземат мерки согласно законите.
Игор Тантуровски, донатор на ВМРО-ДПМНЕ, не случјано беше избран за нов претседател на Комисијата.
Државната комисија за спречување на корупција го штити Пешевски наместо да ја објави неговата изјава за судир на интереси и да отвори предмет.
Со непостапување, членовите на Државната комисија за спречување на корупција се сторители на кривично дело и ќе одговараат пред правдата.
Почитувани граѓани,
Криминалната власт преку продлабочување на кризата се обидува да се спаси од одговорноста. Тоа, нема да се случи.
Во Македонија ќе се врати правото и правната држава. Тоа ќе се случи.
Аболицијата ќе биде поништена целосно. Сите што го прекршиле законот ќе одговараат. И тоа ќе се случи.
На аболицираниот Никола Груевски треба да му биде јасно:
Нема спас ниту за него ниту за неговото друштво
