Ако бевме дел од ЕУ ваќа ќе се решаваше за Уставниот суд и авторитарноста на власта- примерот на Полска

од desk3
88 прегледи

Тонот меѓу Полска и Европската унија се заострува. Европската комисија даде петдневен рок на Варшава да докаже дека го респектираа целосно владеењето на правото. Полската Влада продолжува да со тврдоглавост- пишува DW.

0,,19137245_303,00

Европската комисија и даде пет дена рок на полската Влада. До понеделникот Варшава треба веродостојно да докаже дека ќе ја поништи спорната реформа на Уставниот суд. ЕК очекува дека полската Влада ќе преземе барем некои мерки кои треба да доведат до враќање на владеењето на правото. Во Варшава сметаат дека тоа е нечуен ултиматум. Полската владина раководителка Беата Шидло изјави дека “не Полска, туку ЕУ има проблем со својот имиџ и полската влада никогаш нема да се потчини на еден ултиматум”.

Во потрага по решение

Иако Шидло се покажува борбена пред парламентот во Варшава, Полска очигледно наскоро треба да преземе конкретни чекори. Избраните од претходната влада во 2015 година уставни судии би можеле да положат заклетва. На овој начин Уставниот суд би станал неспособен. На второ место Владата би можела да прифати одлуката на Уставниот суд од март 2016 година, со која прогласи реформата за неуставна. Национално-конзервативната влада во Варшава, сепак, одбива да го прифати ова решение. Според Владата, Уставниот суд треба да донесе одлука според новите, а не според старите правила. Новите правила, сепак се така смислени што ја парализираат работата на Уставниот суд.

Што се крие зад моќта на гигантските интернет компании?

Ако Варшава не ги исполни барањата на ЕК во рамките на поставениот рок, Комисијата ќе ја активира против Полска постапката за заштита на владеењето на правото. Тоа значи дека Комисијата ќе го објави своето мислење за досега утврдените недостатоци. Конзервативниот весник “Жечпосполита” цитира од доверливиот проект за мислење на ЕК, во кој се вели дека во Полска не се почитуваат демократските стандарди и спорот околу Уставниот суд ја загрозува правната држава. “Како последица на тоа гарантираните во европските договори човекови права не можат да бидат усогласени со Полска”, цитира весникот од нацрт мислењето на ЕК.

По објавувањето на мислењето Варшава ќе добие двонеделен период за официјален став. Ако полското мислење не е на задоволително ниво, ЕК ќе упати препораки до Варшава, кои треба да бидат реализирани. Таква е процедурата, која ќе биде иницирана за прв пат во историјата на ЕУ. Ако Варшава не ги исполни препораките ЕК ќе го преземе третиот чекор од постапката која може да доведе до одземање на гласот на Полска во Европскиот совет. Таквата одлука сепак може да биде донесена со целосна едногласност. Политичкиот сојузник на Полска – Унгарија веќе изјави дека нема да го поддржи вакво решение.

0,,19105310_401,00
Варшава е “изненадена”

Од владини кругови во Варшава се вели дека владата на Беата Шидло била “изненадена” од новата процедура на ЕУ. Весникот “Жечпосполита” пишува дека полската владина раководителка разговарала на телефон со еврокомесарот Франс Тимерманс и сигнализираше подготвеност на владата за компромис за основните прашања. Владиниот портпарол Јацек Бохенек сепак изјави дека дадениот рок е “нереалнен”. Новиот закон за Уставниот суд може да се дискутира во парламентот дури во јуни. “Дадениот рок може да доведе до тоа, полската Влада да ја загуби довербата на Брисел”, вели коментаторот на “Жечпосполита” Анджеј Станкиевич.

Беата Шидло остро го нападна Брисел во својот говор пред полскиот парламент и го потврди суверенитетот на Полска. Политикологот Роланд Фројденштајн сепак смета дека премиерот Шидло сака да создаде впечаток дека станува збор само за конфликт меѓу европските институции и Полска. “Но, тоа не е така. Во многу голема мера станува збор за почитување на” правилата на игра “, за кои Полска се задолжи за почитување при влегувањето во ЕУ. Во таа смисла Конфронтирачкиот тон меѓу Полска и Брисел е целосно неразбирлив. ЕУ чека четири месеци конструктивен одговор од Полска и затоа не може да станува збор за некаков ултиматум “, вели тој.

Полска се плаши за имиџо

Професорот по европско право во економскиот универзитет во Варшава Артур Новак-Фар смета дека проблемот е на друго место. “Владата не покажува подготвеност за компромис, бидејќи самата се донесе до правна и политичка состојба која не и дава широко поле за дејствување. И сега не може да излезе од него, без да го загуби имиџот”, вели тој. Исто како и Роланд Фројденштајн, тој го смета за малку веројатно наметнувањето санкции против Полска. И двајцата се плашат повеќе од сериозниот проблем со имиџот на Полска. “Слабеењето на довербата во Полска, за што придонесе и спорот околу Уставниот суд, носи штета на полските интереси. Во долгорочна перспектива, постапката на ЕК може да има и финансиски последици за Полска. Владината партија” Право и правда “се соочува со сериозни сомневања во врска со иднината на европскиот проект. И во оваа ситуација не може да се очекува дека во одлучувачките преговори за државниот буџет ќе бидат земени во предвид полските интереси “, вели Роланд Фројденштајн.

ustaven-sud

За постетување и за споредба, исто како и во Полска, во Македонија има авторитарна власт, која клучните политички потези во услови на политичка криза ги изигра токму преку партизираноста на Уставниот суд.