Ричард Ран за земјите со “социјалистички експеримент за бесплатни нешта” (како Македонија)

од desk3
74 прегледи

Крајот е близу – во зависност од она што дефиниција давате за “близу” и каде живеете. На пример италијанскиот банкарски сектор е оптоварен со долг и мал потрес ќе е доволен големи италијански банки да пропаднат. Така почнува анализата на познатиот американски економист Ричард Ран за “Вашингтон Тајмс”, пренесува БГНЕС.

Пред две недели легендата на хеџфондовите Стенли Дркенмилр даде важно изјава дека кризата е на пат да хи погоди и инвеститорите и дека треба да се ослободат од удели и учества. Тој и други кои имаат слични гледишта, станаа предмет на широки дебати меѓу економистите – повеќе за тоа кога ќе биде следната глобална криза и за американскиот пад отколку за тоа дали ќе има криза.

Image_5523644_126

Кризата веќе зафати многумина – во зависност од тоа каде живеете и какви средства поседувате. Потоа ќе се шири до милијарди други луѓе и ќе опфаќа голем дел од американското население.

Ако живеете на други места како Грција, Бразил и Порторико, веројатно веќе сте сведоци на значителен пад во реалните приходи и животен стандард.

Ако сте пензионер и живеете со каматите од заштедите, сте утврдиле пад во приходите како резултат на премногу ниските каматни стапки, поддржани од Федералните резерви (Централната банка на САД).

Главниот проблем е во тоа што повеќето земји регистрираат само незначителен или никаков раст како резултат на премногу владини трошоци (особено за трансфер плаќања), од деструктивни прописи и даночна политика. Неподготвеноста на политичарите (и на оние кои гласаат за нив) да ги ограничат трошоците и прописите доведе до експлозија на државниот долг, кој не е одржлив во сегашните нивоа на економски раст. Тоа, од своја страна, го потхранува барањето за повеќе владини трошоци (повеќе БЕСПЛАТНИ нешта) и поради тоа – поголем долг.

Луѓето купуваат американски владини обврзници и хартии од вредност, бидејќи веруваат дека тие имаат вистинска вредност. Вредноста произлегува од тоа дека владата има моќ да го извлекува реално богатство од приватниот сектор, главно преку даноци, за да плаќа камата за главницата на долгот.

Ал Каеда се насочува кон Сирија со план да ја предизвика Исламска држава

Ова прашање беше решено кога владата на САД го задушува даночниот протест, познат како “Виски ребелиан” (1791-1794) (данок на вискито е првиот наметнат од новоформираната федерална влада врз домашниот производ ), А Џорџ Вашингтон демонстрира дека ќе употреби сила за да го собере данокот од вискито.

Оданочувањето е овластување на Конгресот, но кога Федерацијата воведува каматни стапки под оние кои пазарот би наложил или дури под инфлација, практично наметнува данок на богатство – како што ќе забележат сите кои имаат штедни сметки.

Владата на САД нема намера да не го врати долгот, бидејќи продава обврзници во национална валута и печати банкноти – иако реалната вредност на главницата и каматата може да биде намалена преку инфлацијата.

Држави кои не продаваат обврзници во национална валута, каква што е Грција (со деноминирани во евра обврзници) или Аргентина (со деноминирани во долари обврзници), очигледно не ги извршуваат своите должности, бидејќи остануваат без девизи, со кои ќе ја плаќаат главницата и каматата.

Американските Држави, градови и територии, како Порторико, исто така, може да не ги реализираат долговите, бидејќи не може да печатат американски долари, во што се деноминирани нивните обврзници.

Во моментов гледаме криза, која се развива бавно. Заради неа реалните приходи во голем број земји се во застој или спаѓаат нагло како резултат на падот во цените на стоките и притисоци во цената на должничката услуга. Сервисирањето на долгот се плаќа преку јасни зголемувања на даноците, инфлација или индиректен “данок на богатство”, наметнат врз штедачите на горенаведениот начин.

Се повеќе држави најверојатно ќе бидат најпогодени од големи падови во приходите кои се должат на цената на услугата на долгот. На пример италијанскиот банкарски сектор е оптоварен со долг, кој најверојатно не е во состојба да го сервисира, а владиниот долг категорично е над 100 проценти од бруто домашниот производ. Мал потрес ќе е доволен големи италијански банки да пропаднат, а тоа може да предизвика домино ефект низ цела Европа. А и никој не знае до кој степен германските даночни обврзници ќе имаат желба да ги спасуваат Италијанците.

Во сегашниот момент многу влади го јадат зрното за сеење – тоа значи дека го деградира реалното богатство во своите држави, бидејќи премногу луѓе консумираат повеќе отколку што произведуваат и инвестираат продуктивно. Грците, Бразилците, Русите и многу други народи во моментов сфаќаат дека реалната вредност на платите и владините трансферни плаќања кои ги добиваат, ќе се продолжи да се намалуваат, додека вкупната вредност на нивната колективна продукција не ја надмине нивната потрошувачка и амортизираниот капитал. Во овој момент нивните економии повторно ќе тргнат нагоре.

Во САД многу политичари зборуваат гласно за застој во платите и тоа се истите луѓе кои беа најсамоуверени во настојувањето да се наметнат деструктивни трошоци, даноци и прописи кои се причина за проблемот. Како демократските така и тоталитарните социјалистички држави се подложни на циклични прекумерни трошоци – што води или до промени, или до колапс. На пример Венецуела беше просперитетна демократија и располагаше со најголемите во светот познатите резерви на нафта, но денес луѓето не можат да набават основна храна или дури тоалетна хартија како резултат од нивниот социјалистички експеримент.

Никој не може да предвиде иднината сигурно. Но јас не се откажувам од јануарските предвидувања за рецесија до крајот на годината, бидејќи оние кои ги контролираат работите продолжуваат со економската политика која го уништува растот.

———————————
Ричард Ран е американски економист. Тој ги брани идеите на либертаријанството и минималните државни прописи за бизнисот. Дел е од општеството “Монт Пелерин”, поврзано со Чикашката школа, и сврзано за филозофски центар на неолиберализмот. Неговиот анализа е објавен во “Вашингтон тајмс”.