Даниел Кајмакоски е победник и на TLZP

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Даниел Кајмакоски повторно ги освои симпатиите на балканската публика, но овој пат благодарение на неговата дарба за имитација.   Кајмакоски доби најголем број на гласови од публиката и со тоа ја освои наградата од 25 илјади евра во шоуто „Tvoje Lice Zvuci Poznato“.

-Мислам дека најпотребно е да ги дадам овие пари на една самохрана мајка од Куманово која се бори да ги спаси своите две деца кои имаат иста болест, рече Даниел и додаде дека на мајката ѝ се потребни 100 илјади евра, па овие пари ќе бидат само мал придонес за неа. Подготвен сум да пеам каде треба и да ѝ помогнеме на оваа самохрана мајка, порача Даниел.

Пејачот синоќа  беше во улогата на Монс Селмерлев, минатогодишниот победник на Евровизија и ја изведе песната „Heroes“.

-Многу сум среќен што вечерва не мораме да оценуваме. Инаку би бил во голема дилема. Твојот настап беше спектакуларен. На сите ни се претстави како добар пејач, добро момче и мислам дека многу придонесе оваа емисија да биде топ, воодушевено изјави водителот Иван Ивановиќ.

Даниел несомнено беше спектакуларен не само оваа вечер, туку и во изминатите неколку месеци додека го следевме шоуто. Илјада евра освои со имитацијата на Тина Тарнер, но подеднакво пленеше и како фронтменот на Rammstein, Мајкл Џексон, Џастин Бибер, Бруно Марс…tlzp42

Други финалисти кои се бореа до самиот крај беа  несекојдневниот Никола Роквиќ,  а со нив се бореа и Каја, Ивана, и  Неша Првиот натпреварувач, кој го напушти финалето беше Ивана Петерс, откако освои најмал број на гласови од публиката, потоа Каја и Неша.

На крајот останаа само Даниел и Никола Роквиќ.