Адел победи на големо на овогодинешните 2016 Billboard Music Awards вчера.
Шест месеци по објавувањето на нејзиниот хит албум 25, 28 годишната ѕвезда е сè уште во центарот на вниманието во музичкиот свет.
Пејачката освои 5 трофеа, но истовремено и го објави своето музичко видео за следниот сингл насловен Send My Love (To Your New Lover) за време на Билборд наградите, иако не беше во можност да присуствува на доделувањето.
