Многумина имаат стотици па дури и илјадници контакти во социјалните мрежи, но австралиски научници открија дека бројот на вистински пријатели не може да надмине пет, објави “Дејли мејл”.
Тим од Универзитетот на Сиднеј тврди дека иако луѓето можат да формираат комплексни општества, при пријателствата од најблискиот круг има горна граница од пет лица. Оваа горна граница најверојатно е непроменета со стотици илјади години.
Иако нашите пријатели да се само петмина, можеме да се опкружуваме со познаници. Тоа значи дека секогаш кога додаваме нов човек во социјалната мрежа, тој е малку подалеку од луѓето во блискиот круг. Социјалната мрежа може да достигне до 132 лица.
Научниците создале компјутерски модели, со кои се анализирале човечките социјални мрежи и ги споредиле со примитивниот општества. Тие објаснуваат дека од еволутивна гледна точка е важно луѓето да имаат мали групи од блиски, кога се паѓа во опасни ситуации. Во присуство на таква група, не била потребна блискост со останатите од племето.
Бројот на блиските пријатели се условува и од “невролошко ограничен капацитет за одржување на долгорочни стабилни односи”. Тоа значи дека нашиот мозок буквално не може да се справи со поголем број пријателства.
За 2014 година просечниот број на пријатели на Фејсбук бил 338 лица.
