Како ли е да бидеш лидер на земји како Русија и САД? Претседателите Обама и Путин се едни од највлијателните личности во нашата сегашност.
Меѓу низата политичко-економски проблеми, кои мора да ги решаваат секојдневно, тие треба да посвет време и за јадење. Нивните вечери и ручеци се строго планирани и во повеќето случаи официјални. foodpanda ги погледна нивните менија и ве запознава со нивните омилени јадења.
Владимир Путин
Рускиот претседател сака да јаде царска рибина чорба од есетра. Се служи околу 3 пати неделно на неговата трпеза и сака да ја нуди на своите гости. Од мезе најомилена му е пушена есетра со лимон и масло. А кај главното јадење најчесто акцентот е на варено говедско месо, служено со зачинета павлака и сос со лук. За боја во овој сос, главниот готвач користи малини, кои се во фокусот на јадењето. Претседателот на Русија никогаш не седнува на масата без чинија од колбаси, која содржи печено свинско, пилешки ролни, јазик, пушена сланина и солена сланина. Владимир Путин никогаш не го заборава десертот,а за најомилена го смета домашно направениот сладолед од јагода со карамела.
Барак Обама
Омилениот појадок на американскиот претседател му се мусли со млеко и мед. Тој вели дека тоа е “здрав спомен” од неговото детство. Сака да јаде лесни јадења, кои му даваат енергија за целиот ден. Едно од неговите омилени мезе е лосос, се служи со бел ориз и сос од ѓумбир. Јаде големо количество сирења и помалку месо. Јавен факт дека Обама е ексклузивен обожавател на хамбургери, иако сè поретко ги консумира. Од Белата куќа велат дека претседателот пробал хамбургери во над 30 земји, а неговиот фаворит се наоѓа во Колорадо. Највкусни суши пак јадел во Токио. За десерт јаде чиста црна чоколада. Меѓу храната која не ја сака се мајонез, сол, оцет, аспарагус и цвекло.
На последната средба меѓу двајцата лидери било послужено мисиркино филе со маринирани печурки, блини со црвен кавијар и пастрмка, телешко филе со печен компир и ролни од лосос и кралски ракчиња.