Во својата неодамнешна статија под наслов “Зошто Америка има потреба од Иран во Ирак”, поранешниот американски амбасадор Залмај Калилзад, го посочи растот на силата на шиитскиот свештеник Моктада ал-Садр како едно од најголемите стравувања. И точно е дека шеикот Ал-Садр беше и продолжува да биде проблем за иднината на Ирак. И покрај сето тоа американската влада секогаш применувала двоен пристап кон овој бунтовен духовник.

Иако Армијата на Махди на шеикот Ал-Садр е одговорна за смртта на стотици американски војници и се заканува да убива уште Американци, ниту Ал-Садр, ниту неговата армија не беа ставени на листата на терористички организации на Стејт департментот. Освен кон Ас-Садр сега ние применуваме двојни стандарди и кон Иран. Иран успешно игра со САД во однос на Ирак од 2002 година. Иранскиот агент и финансиски опортунист Ахмад Чалаби достави на Стејт департментот и на военото разузнавање големо количество дезинформации што беше користено од администрацијата на Џорџ Буш да се оправда инвазијата на Ирак на коалициските сили .
Чалаби дури беше избран да биде американски претставник во Техеран. Неговата мисија беше да обезбеди трансформирање на планираната инвазија на Ирак во прифатлива за Иран. Американската влада побарала од иранскиот агент да бара одобрение од ајатолахот за отстранување на долгогодишен ирански непријател, што е првиот момент кога агентот ја манипулира американската влада да направи нешто. Овој разговор треба да го израдувал ајатолахот Али Хаменеи. Ајатолахот Рухола Хомеини еднаш рече: “Патот кон Ерусалим поминува низ Карбала”. Отстранувањето на ирачката влада на Садам Хусеин беше од клучно значење за отворање на тој пат.
Зошто Путин инвестира во православието
Додека предводените од САД сили вршеа воени операции, иранската влада започна политичкото освојување на Ирак. Во меѓувреме Иран стори сé за поткопување на темелите на коалициските сили. Како виш офицер за антитероризмот во Ирак, јас постојано имав работа со Иран. Техеран обезбедуваше финансирање и разузнавање на ривалски групи решени да убиваат Американци и други членови на коалицијата. Постапувајќи со член на “Ал Каеда” , еднаш тој ми опиша дека опремата неговиот тим добивал од Иран. Старата изрека “Непријателот на мојот непријател е мој пријател” сигурно се применува од шиитите од Иран за надминување на нивните разлики со сунитите и “Ал Каеда”.
Калилзад исто го споменува проблемот со “Исламска држава” (ИД). Токму геноцидот извршен од поддржаниот од Иран и САД ирачки премиер Нури ал-Малики против сунитите, доведе до подемот на ИД. Заедниците кои сега полека се ослободени од присуството на ИД од страна на ирачките војници поддржани од Иран шиитски милиции, продолжуваат да бидат заплашувани од геноцид. Презентираната логика е дека ако жителите доживеале окупацијата на ИД, тие треба да се симпатизери и да извршуваат наредби за убиства.
Општини, кои некогаш биле населени со големо население, сега се градови-духови. Стотици илјади убиени и уште повеќе побегнаа – сите кон Европа. Всушност Иран ја користи ИД, за да ги ослабне сунитските области во Ирак. Однесувањето на Иран од оваа гледна точка потсетува на Русите, кои ги задржале позиции крај Варшава, додека Германците го извршија масакрот на еврејското население. Ирачкиот народ изгуби вера во САД поради уништувањето на каква и да е постоечка стабилност во регионот. Со децении позицијата на Пентагон била никогаш да не биде кршена деликатната рамнотежа на сила меѓу Ирак и Иран. Целиот Близок исток зависи од овој баланс.
Но 43-от претседател на САД Џорџ Буш интервенира во неоправдана војна. Со инвазијата, достигна до сунитските заедници, ген. Дејвид Петреус ја доби војната, само за да го загуби мирот претседателот Обама. За ова загинаа 4 488 Американци.
Ирачкиот парламент не може да собере доволно членови за да закрепне извршната власт која е под контрола на Техеран, додека цивилното население демонстрира по улиците и виори ирански знамиња. Зајакнувањето на соработката со Техеран не е решението. Ова е уште еднаш игра во интерес на држава №1 во светот по извоз на тероризам. Тоа е сеедно да очекуваме светулката сам да го гаси својот оган. Овој пат САД треба да учат од своите грешки, а не да ги повторуваат. Решението е да се работи со умерените во еден регион, за да бидат создадени отпорни влади, посветени на своите граѓани и на регионалната стабилност. / БГНЕС
———–
Весли Мартин е полковник на американската армија, служел како виш офицер за антитероризам во Ирак (2003-2004) и виш офицер за операции за задржување (2005-2006). Коментарот е објавен во “Вашингтон тајмс”.
