Демонстрантите се упатија кон зградата на Владата.
Сепак, по повод 23 мај, Денот на Власите, Шарената револуција во Скопје денеска е посветена на Власите во Македонија. Централниот транспарент е напишан на влашки јазик и на него се посочува: „Не за криминалот, не за аболицијата“. Демонстранти се подготвуваат за марш кон Влада.
Пред #СЈО „Не за криминалот, не за аболиција“ испишано и на влашки по повод Денот на Власите #протестирам pic.twitter.com/8fM8bcTFsZ
— META.mk (@meta_agency) May 23, 2016
Транспаренти со сликат6а на Груевски на кои пишува „Подобро ужас без крај, отколку ужасен крај“ #протестирам pic.twitter.com/hso90XedmK
— META.mk (@meta_agency) May 23, 2016
Меѓу, транспаренти има сликаа на Груевски на кои пишува „Подобро ужас без крај, отколку ужасен крај. Исто така, граѓаните носат нНадувани кукли со ликовите на Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер, кои наводно се во затвор
Надувани кукли со ликовите на Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер во затвор #протестирам pic.twitter.com/MjUrUusg8L
— META.mk (@meta_agency) May 23, 2016
Надувани кукли со ликовите на Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер во затвор #протестирам pic.twitter.com/d8QYbkdqdI
— META.mk (@meta_agency) May 23, 2016
„Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестира полека ќе станува бликрам, окупирам и секојдневно го менувам системот!“, напишаа денес на Фејсбук организаторите од Протестирам.
Откако се исполни барањето за одложување на изборите на 5 јуни, останаа барањето за итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе./ фото а1он и Мета видео
