Демонстрантите се упатија кон законодавниот дом – Собранието на Република Македонија. Претходно, со катапулт повторно ја бојадисаа фасадата на зградата на Владата.
Шарената револуција ја бои фасадата на Владата #протестирам pic.twitter.com/E5w72UHjqa
— META.mk (@meta_agency) May 23, 2016
Инаку, граѓаните традиционално се собраа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство од каде демонстрантите маршираат кон Собранието.
Шарената револуција ја бои фасадата на владата #протестирам pic.twitter.com/uqxawmPG6p
— META.mk (@meta_agency) May 23, 2016
Главната порака денеска е – „Не за криминалот! Не за аболицијата!“, кои се напишани и на македонски, но и на влашки јазик, по повод Денот на Власите.
„Затворениците“ Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер стигнаа пред Влада #протестирам pic.twitter.com/1iqYHnO97M
— META.mk (@meta_agency) May 23, 2016
Исто така, беше донесена и импровизирана затворска келија за аболицираните функционери од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестира полека ќе станува бликрам, окупирам и секојдневно го менувам системот!“, напишаа денес на Фејсбук организаторите од Протестирам.
Откако се исполни барањето за одложување на изборите на 5 јуни, останаа барањето за итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

