Научниците, пиварите и љубители на пенливиот пијалок долги години расправаат за две фундаментални прашања поврзани со пивото – чие пиво е повкусно и кој најрано се научил да го вари.
Секоја земја, позната со националните традиции во пивоварството има соодветните претензии за тоа, но и тука Кина има основа да биде прва. Последните археолошки наоди сведочат дека иако не се најдобри пивари во современоста, Кинезите правеле пиво далеку пред сегашните капацитети во оваа област – Чеси, Германци, Белгијци и други. И така пред пет илјади години очигледно во Кина веќе одмарале и се разладувале со чаша пиво. За тоа сведочат две простории, откриени во селото Мицзиаја во долината на реката Вјаи, во северозападната провинција Шанси.
Во нив се наоѓаат бројни специфични алатки и предмети за производство на пиво. Меѓу нив има керамички садови со широки грла, амфори и други, по внатрешноста на кои има жолтеникави налепи. Археолозите тврдат дека овие садови се користеле во трите стадиуми на правење на пиво – ферментација, филтрирање и складирање. Според проценка на археолозите артефактите датираат од 3400-2900 пред н.е. Во садовите се пронајдени и суровините од кои се прави пиво – просо, јачмен и хмељ, а повеќето од зрната биле мелени, што е неопходен услов за правење на пиво.
Покрај тоа, како уште еден доказ се и откриените траги од оксалати – соли кои се таложат при готвење на пиво. Интересен факт е и пронаоѓањето на јачмен, меѓу другите суровини во древната пивара. Оваа житна култура излегува дека навлегла во Кина уште во почетокот на третиот милениум пред н.е. Тоа е илјада години пред другите сведоштва за ширење на јачменот на територијата на Кина.