Запознајте се со гуштерот Чарлс и мачката Бебе – еден прекрасен дует кој докажува дека вистинското пријателство може да цвета и покрај разликите. Иако мачката да може лесно да му наштети на гуштерот поради релативно малите димензии, таа не се одвојува од него и постојано го милува и пази.Чарлс пак секогаш е до мачката и ја прегрнува кога и е страв од грмотевици. Кога двајцата не се гушнати, тие се радуваат на дружењето играјќи надвор или гледаат низ прозорецот и го чуваат домот на своите стопани во Џонстаун во Пенсилванија, САД.
Еднаш Чарлс се сместил во креветот на мачката и таа отишла да спие во кутија, раскажува сопственикот им во Instagram. Тој забележува дека двете животники се најдобри пријатели за цел живот.



