Украинци Вие само војувајте- германската тајна на Порошенко…

од desk3
100 прегледи

 

Истрага на Дојче веле потврди дека освен фабрики во Украина, Петро Поршенко поседува и една фабрика за скроб во источниот дел на Германија. Таа е поврзана во сложена офшор шема. Еве детали:

0,,19259708_303,00
Кој може да претпостави дека во портфолиото на еден источноевропски олигарх може да има и една фабрика за скроб? Во случајот со чоколадната империја на Петро Порошенко сепак тоа е токму така. Скробот е важна суровина за производство на кондиторските прозиводи . Толку важна што тој не го купува, туку ја произведува во сопствена фабрика. Новинарско истрага на Дојче веле потврди дека освен двете фабрики во Украина, Поршенко поседува и уште една фабрика за скроб во источниот дел на Германија.

Уште во 2011 година, кога предметната фабрика во Германија беше продадена, некои тврдеа дека таа била купена токму од Порошенко. Сега, во текот на публикациите на “Панама пејперс”, стана јасно колку се комплексни меѓусебни врски околу сопственоста на украинскиот претседател и неговото опкружување. Веќе се знае дека Петро Порошенко го организирал својот познат концерн “Рошел” преку офшор компании. А критичарите го обвинуваат дека на тој начин криел данок.

Самиот тој ги отфрла сите обвиненија. Порошенко тврди дека откриените во “Панама пејперс” фирми-поштенски сандачиња ја имале само следнава цел: управувањето на неговиот концерн за кондиторски прозиводи да биде доверено за старателство на позната меѓународна економска агенција додека тој е претседател на Украина.

Il Giornale: Кој и да победи на изборите во САД, Европа губи!

Медиумската истрага на Дојче веле, сепак покажува друго: дека употребата на фирми-поштенски сандачиња во даночни оази не е исклучок во бизнис-практиката на украинскиот претседател. Пример за тоа е и фабриката за скроб во Елстерауе во покраината Саксонија-Анхалт, иако со годишен обрт од 6 милиони евра и околу 100 работници таа е само еден мал дел од бизнис-империјата на Петро Порошенко.
Кој е Сергеј Зајцев?

Фабриката за скроб во Елстерауе е дел од фирмата “Interstarch GmbH”. Таа пак е под капата на украинската фирма на Порошенко “Interstarch Ukraine”. Информации во трговскиот регистар покажува дека формално ќерката- германска фирма е во сопственост на трговско друштво во Кипар, чии управител пак е фирма од Британските Девствени Острови. Оваа замрсеност ги замаглува меѓусебните врски во сопственоста и дава даночни предности.

Украинскиот претседател не одговори на барањето на Дојче веле за односите со споменатите компании- поштенски сандачиња. Неговите економски советници сепак велат дека оваа корпоративна мрежа не припаѓа на Петро Порошенко. Економски овластено лице бил некој Сергеј Зајцев. Советниците на Порошенко нагласуваат дека Зајцев е “независен претприемач” и бизнис-партнер на претседателот. Погледот на деловните регистри во Кипар и Холандија сепак покажува нешто друго: Зајцев е не само заменик-генерален дирактор на концернот “Рошел”, ами и управител на фирмите-поштески сандачиња, кои треба да станат сопственици на концернот “Рошел”. Документите “Панама пејперс” откриваат го украинскиот претседател како реален сопственик на целата мрежа на компанијата чии врски стигнуваат до Британските Девствени Острови. Токму таму е регистрирана и фирмата “Euro Business Investment LTD”, која преку времената фирма во Кипар ја контролира германската “Interstarch GmbH”.

0,,19165457_401,00

Сложената шема на Порошенко

Британските Девствени острови се еден од најголемите даночни оази во светот. Тие не соработуваат со странски даночни служби, немаат и официјално достапен фирмен регистар. Затоа ли фирмите на Порошенко се организирани на овој начин?

Украинскиот претседател е должен по закон да ги објавува јавно сите негови заработувачки. Самиот Порошенко тврди дека од преземањето на функцијата нема никакви приходи од странство. Тој не може и да има странски приход, бидејќи неговиот стар пријател Сергеј Зајцев е официјалниот сопственик на фирмата во Кипар, како и на германската фабрика за скроб. Неразјаснети останува сепак сопственоста на крајот на синџирот на Британските Девствени Острови. Советниците на Порошенко од економската агенција “ICU” не даваат информации за ова прашање. Тие само соопштуваат дека постои договор за управување помеѓу фирмата на Порошенко “Interstarch Ukraine” и германската “Interstarch GmbH”.

Покрај целосната анонимност, мрежата од фирми-поштенски сандачиња има и уште една предност: преку неа можат да се штедат даноци. 35-те милиони за купување на фабриката во покраината Саксонија-Анхалт биле добиени како заем од “Interstarch GmbH” од фирмата-мајка во Кипар “Camarin limited”. Односно украинскиот инвеститор сам си дал пари на заем. При тоа со висока камата, како што покажуваат годишните биланси. Од 2011 години во кипарската фирма се влеваат годишно по два милиони евра само од камати. Овие камати не се предмет на оданочување согласно германско-кипарскиот договор за двојно оданочување. Финансискиот експерт Ханс-Лотар Мертен тврди дека тоа е вообичаен модел за заштеда на даноци. “Тие можат тука да ги постигнат овие камати во промет и да ги оданочуваат. На овој начин се намалува профитот во Германија. Но профитот, ко се влева во Кипар и на Карибите, не се предмет на оданочување. И тоа е сосема легално. Но многу често слични конструкции се користат за перење пари “, вели тој.
Ќе се влеваат уште милиони

Фирмата “Interstarch” трупа од година на година нови долгови кон фирмата-мајка во Кипар. На крајот на 2014 година вкупната вредност на овие долгови достигна 44 милиони евра. Сепак Компанијата водич најави нови инвестиции од страна на членовите во износ од 25 милиони евра.

Во својот годишен извештај фирмата се жали од ниските откупни цени на скроб и високите цени на пченицата. Во 2014 година ова доведе до загуби од речиси 6 милиони евра. Сепак во следните години производствените капацитети ќе бидат зголемени. Очигледно украинскиот инвеститор ќе продолжи сам да си дава пари на заем во Германија. А каматите ќе се влеваат во банкарските сметки на префрлани фирми. Германскиот буџет нема да добие ниту цент, бидејќи кога нема профит, нема и корпоративен данок.