Меморијата под микроскоп

од desk3
79 прегледи

Невробиолози од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес набљудуваа со минијатурен микроскоп како мозокот на глувците ја организира меморијата, поврзувајќи различни спомени.

Научниците исто така успеале да повратат некои од линковите ослабени од стареењето. Резултатите од истражувањето се објавени во весникот Nature.

0433549001380633306_541419_600x458

Научниците одлучиле да разјаснат како мозокот создава и чува единечни спомени. Според нив одамна е забележано дека минатите искуства влијаат на формирањето на новата меморија. Ова им овозможува на луѓето да претскажуваат што треба да очекуваат во иднина и да донесуваат одлуки.

Во својот експеримент научниците користеле глувци на млада и средовечна возраст, за да проверат како се организира меморијата за различни настани, поделени од пет часа или седум дена.

За таа цел истражувачите го користеле минијатурниот микроскоп Miniscope. Уредот им овозможи на научниците да ѕиркаат во мозокот на глувците и да ги набљудуваат активноста на невроните, додека глодарите се движеле во својата природна средина.

Секој од младите глувци постојано биле ставени пред три средини, кои се карактеризираат со мирис, форма, осветлување и материјал на подот. Животните престојувале со првата средина една недела, по што ги преселија во секундарната средина, а потоа пет часа – во третата каде добивале лесен струен удар.

По два дена секоја глушец се вратил во сите три комори. Животните, како што и требало да се очекува , бегале од страв во третата комора. Но за чудење на научниците глувците покажале такво однесување и во секундарната комора. Анализата на активноста на невроните утврдила дека исти клетки се задолжени за меморијата во втората и третата ккомора, како резултат на што спомените настанале меѓусебно.

Со старите глувци експериментот бил различен. Научниците сакале да проверат дали возраста влијае на намалувањето на способноста на невроните да се возбудуваат, што се јавува како услов за паметење.

Глувците биле доведени во две комори со тек на време од време пет часа, а во втората комора исто така имало струја. По два дена животните биле вратени во каомора, но тие покажувале страв само во втората. Во дадениот случај двата блока во меморијата не биле поврзани.

За да се обидат да ја вратат врската, научниците ги возбудиле нервните клетки во хипокампусот – центарот на меморијата на главниот мозок – пред тестирањата во коморите. Резултатите покажале дека глувците го вратиле својот страв, наоѓајќи се во првата комора.