Компанија ќе создаде вештачки метеорски дожд за Олимпијадата во Токио

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Јапонска компанија подготвила импресивен пиротехнички спектакл за отворањето на Олимпијадата во Токио во 2020 година.4838364

Тоа сепак нема да се обични огномети, туку вистински метеорски дождови. Во рамките на програмата “Sky Canvas” на компанијата “ALE Co.” стотици мали шарени огнени топки ќе го покријат небото над градот домаќин на спортската манифестација, пишува научното списание “Сајанс алерт”. Ако “ALE Co.” го добие потребното одобрение, таа ќе го развие проектот, кој ќе испрати во вселената сателит, натоварен со помеѓу 500 и 1000 специјални палети.

Еднаш штом овие палети кои содржат хемикалии, огнени во различни бои, се исфрлени од сателити, тие ќе го започнат падот кон Земјата, а при навлегувањето во атмосферата ќе почнат да горат. Според компанијата ова е безбеден и ефектен начин за создавање на метеорски дожд.

Цената на ова задоволство, меѓутоа, нема да е ниска. Производството на секоја поединечна палета ќе чини околу 8100 долари, сè уште не е јасно каква ќе е потребната сума за испраќање во вселената на самиот сателит.

“ALE Co.” ја тестирал програмата во лабораториски услови, користејќи вакуумска соба и топло стакло, за да се симулираат условите под кои палетите ќе комуницираат со земјината атмосфера. При тестирањето станало јасно дека друга предност на овој вид “паѓачки ѕвезди” е тоа што тие се многу полесни за следење од природните, бидејќи паѓаат побавно и се видливи подолго време. Се очекува првиот прототип на апаратот за пренесување на палетите да биде пуштен во втората половина на следната година.