Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја пречека, така да се каже, пријателски германската канцеларка Ангела Меркел во Истанбул. Тоа далеку не е тривијална задача, имајќи ја предвид изјавата на неговиот советник Игит Булут, кој во чист текст вели дека Турција може да ги прекине сите свои договори со Унијата, ако Брисел не ги прифати нејзините барања.

Во изјавата се проѕира претерана самоувереност или дури ирационалност, но како и да го врти, за Меркел тоа е реалност, која таа веќе одамна ја знае. Канцеларката има потреба од Турција, бидејќи во моментот нема никаква друга алтернатива на договорот за бегалците со Ердоган. Турскиот претседател го знае тоа и се насладува на својата нова власт. Меркел му обезбеди дополнителни можности на Ердоган.
Секој ден доаѓаат нови и нови докази: судската кампања против германскиот сатиричар Јан Бомерман, апсењата на турските новинари, одземањето на пратеничкиот имунитет, што ќе им овозможи на Ердоган да ги испрати курдските пратеници во затвор. И веќе е подготвена почвата за следното избувнување на Ердоган: ако во почетокот на јуни германскиот Бундестаг ја прифати резолуцијата во која масовните убиства и депортации на Ерменците во Отоманската империја за време на Првата светска војна / 1914-1918 година / бидат прогласени за геноцид, уште еден напад на бес на турскиот претседател нема да биде избегнат. Ердоган го прави сето тоа не само за да досаѓа на Германија и другите земји од ЕУ.
Украинци Вие само војувајте- германската тајна на Порошенко…
Ние не можеме да не признаеме дека Меркел како резултат на својата имиграциска политики ја зголеми силата на турскиот претседател. А Ердоган не пропушти да ја искористи оваа можност.
Симболичните германски гестови
за внатрешната германска консумација Меркел на почетокот на неговата посета во Истанбул се состана со претставниците на турското граѓанско општество – но не со курдските активисти и прогонетите новинари. Во различни интервјуа таа изрази загриженост од блескавата внатрешно-политичка ситуација во Турција, за да се потенцира потоа многу брзо дека Анкара строго се придржува кон постигнатите договори за миграциската политика. Што следи? По разговорот со Ердоган само кратка изјава: на средбата не се разјаснети сите нерешени прашања. И дека нема никаква јасност за тоа дали ќе биде воведен од 1 јули безвизниот режим за посета на ЕУ од турски државјани.
Но во суштина тоа беше јасно порано. Никаква романтика, сурова реалност- веќе е напишано доволно многу за тоа дека Меркел се сервира во рацете на егоцентричниот турски претседател. Тука нема никаква романтика, канцеларката без да се возбудува води политика заснована на интереси. И нејзината игра е следнава: штетите што ќе бидат нанесени, ако пропадне договорот со Ердоган, ќе имаат многу негативни последици отколку губењето на доверба поради тоа што таа пријателски се смешка додека преговара со турскиот лидер. Оваа политика може да ни се чини цинична, но во моментов, тоа е единственото нешто што и остана на канцеларката. Ако практицираната од неа европска имиграциска политика / или она што остана од неа денес / пропадне, тогаш влијанието и моќта на Меркел – вклучувајќи и во самата Германија – ќе се покаже загрозена. А токму тоа таа се труди тоа да го избегне по 10 години на власт. / БГНЕС ———-
Јенс Турау, DW