Автопатот Миладиновци-Штип ќе биде готов за една година

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Најголем дел од автопатот Миладиновци-Штип односно 95 проценти се пробиени, 9,5 километри се асфалтирани, а се работи на изградба на мостови, надвозници и подвозници.

pat1-860x680

За ова денеска информираше техничкиот премиер Емил Димитриев кој направи увид во градежните активности.

Димитриев информираше дека целосната реализација на автопатот во должина од 47 километри се очекува да заврши за една година, а вредноста на инвестицијата изнесува 206 милиони евра.

Автопатот го гради кинеската компанија „Синохидро“,  додека подизведувачи се „Гранит“ и „Бетон“./извор Мета