Reuters: Серија тајни средби во ЕУ поради Брекзит

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Дипломатите сакаат “да има нешто подготвено, не да се остава се за денот по 23 јуни”

 британи

Дипломати и претставници на Европската унија оваа недела спроведоа  серија доверливи дискусии, за да подготват координиран одговор на евентуално излегување на Британија од Заедницата следниот месец, пренесува Reuters, повикувајќи се на извор од ЕУ. Дипломатите од Франција и Германија, но исто така и други држави членки на Заедницата, се состанаа во понеделникот со Мартин Зелмајр, шеф на кабинетот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.  “Идејата е да има нешто подготвено, не да се остава се за денот по 23 јуни”, објасни извор. ЕК и други претставници на владите, кои биле присутни на средбата, одбиваат официјален коментар. Велика Британија, втората по големина економија во Европа, не била претставена на неа.