Сортата “Juбари” се смета за елитистичка поради заситенeниот сладок вкус и сочна срцевина

Два дињи од сортата “Јубари” прва реколта за 2016 година беа продадени на аукција на северниот јапонски остров Хокаидо за рекордни 3 милиони јени, или 27 230 долари.Најскапите дињи од оваа сорта,кои се сметаат за елитистичка поради слаткиот вкус и сочна срцевина со нежно портокалова боја, се купени од сопственик на супертмаркет во градот Амагасаки во југозападниот дел на островот Хонју . Според зборовите на самиот купувач тој планира да ги стави на излогот на својот продавница, а потоа да ги пушти на на интернет аукција. Претходниот рекорд за дињи на Хокаидо беше во 2008 година, кога два дињи од највредната сорта достигнаа цена од 2,5 милиони. јени, или 22 700 долари. Оваа сорта дињи имаат речиси идеална кружна форма, Светло зелена кора покриена со тенка мрежа од бели тенки бразди . Тие се сметаат за прекрасен подарок. Жетвата се собира од мај до почетокот на септември. Просечно годишно се собираат околу 4 300 тони “ЈУбари”.