Марин Ле Пен можеби се надеваше дека со исфрлувањето на таткото од Националниот фронт минатата година го реши „последниот семеен проблем‟ и воспостави целосна контрола над партијата, но сега нејзината внука прави проблеми.
Во прашање е 26-годишната внука Марион Маресал Ле Пен, која покажува политичка самостојност, поддржува некои идеи на политиката на либералната економија, што како што се наведува, ги загрижува и иритира постарите членови на семејството.
Политико пишува дека таа претставува ризик за Марин Ле Пен и дека може да ја замагли пораката која таа внимателно ја создаваше – дека е кредибилен претседателски кандидат.
Многумина во партијата, главно во јужна Франција повеќе и се наклонети на неа отколу на Марин, а се наведува и дека ќе се обиде да влезе во лидерството на партијата. Тоа е опасност за Марин во моментот кога нејзината популарност се намалува, според истражувањето на јавното мнение.
„Тоа не е баш криза. Никој не верува навистина дека Марион ќе се обиде нешто со лидерството на партијата до 2017 илу дури до 2022 година. Меѓутоа, постои опасност да ги збуни гласачите или да ги наведе на тоа дека постојат две верзии на Националниот фронт кои се ривали, а всушност не постојат‟ – рече Бертран Дутел де ла Роше, советник на потпретседателот на Националниот фронт Флоријан Филипот.
Политико наведува дека Марион Ле Пен води своја приказна со група советници откако на 22 години беше избрана во Долниот дом на парламентот.
Во текот на последните три месеци, кога Марин Ле Пен малку се повлече од медиумите поради поразот на регионалните избори во декември, Марион ги засили своите активности преку соопштенија и јавни настапи, како и преку патувања на кои целта е да ја претстават како државник.
Сепак, како што наведуваат, можеби целиот проблем со неа почнал кога рекла дека „повеќе и е мака да слуша за републиканските вредности‟.
Марион подоцна објаснила дека со својата изјава мислела да се спротивстави на обвиненијата дека Националниот фронт не е баш републикански. Меѓутоа, неколку дена подоцна се појавила на собирот на „Акцијата на Франција‟, ројалсоцијалистичка група која низ историјата се поврзува со антисемитизмот и фундаменталистичките католици.
„Ако јавно ја објавеше својата желба дека ја брани монархијата тоа би било проблем, но ова не е таков случај‟ – истакна Филипот.
Дутеи де ла Роше, советник на партијата за прашања за републиканизмот и секуларизмот, наведе дека однесувањето на Мерион може да биде проблематично во смисла дека кај гласачите ќе создаде впечаток дека постојат две верзии на Националниот фронт и дека треба да бираат.
Верзијата на „внуката‟ заговара економски либерализам, социјален конзервативизам и има силно упориште на југот. Верзијата на Марин е етатистичка, посилна на северот и главно фокусирана на прашањето дали земјата треба да го напушти еврото, ако таа стане претседател.
Марион со тек на времето стекна впечаток во јавноста дека не е согласна со втората, подоминантна верзија.
В понеделник треба да се појави на конференција во Грузија чија тема е промовирање на семејните вредности и политика против абортусот, а ни првото ни второто прашање не се на нејзината политичка агенда. Освен тоа, подоцна во текот на месецот ќе се појави на конференција во Франција на која ќе се појават француските десничари кои не поддржуваат ниту една голема партија.
Дутеи де ла Роше вели дека Марион има право на слобода, но дека поддршката на католичките фундаменталисти и маргиналните партии е крајно контрапродуктивно.
„Секогаш ќе има определен број на екстремисти во секоја партија и Националниот фронт по тоа не се разликува. Има луѓе кои сакаат да го забранат абортусот, луѓе кои ја мразат Марин. Но тие претставуваат два, три или пет проценти од сите гласачи. Да се разговара со нив само значи дека Фронтот ќе падне на истражувањето на јавното мнение‟ – наведе тој.
Политико – Вашингтон