ЛДП: Со ова недржавничко и партиско делување ги губиме вистинските пријатели

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Соопштение на ЛДП:

ldp3

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, да не кажува дневнополитички  ‘гачки’, туку  да го прочита извештајот на Рајнхард Прибе за состојбите во државата, за работите да му станат појасни, велат од Либерално демократската партија, како реакција на интервјуто на Попоски за Дојче веле.

– Во Извештајот јасно пишува, кој прислушкувал во државата и на што се должи нефункционалноста на институциите, како и за корупцијата во врвот на власта и за наводната „слобода“ на медиуми.

Попоски, во интервјуто за „Дојче веле“ се стави во улога на адвокат на ѓаволот, поддржувајќи го злосторничкото здружување на врхушката на власт.

Веќе и на малите деца им е јасно дека ова е осмислено сценарио за меѓусебно штитење на криминалците на власт.

Најдобро би било министерот за надворешни работи Попоски, да не ги троши народните пари за одбрана на криминалната банда по светот, туку да се посвети на евроатлантските интеграции на Македонија.

Едно е сигурно, со вакво недржавничко и строго партиско делување полека, но сигурно ги губиме вистинските пријатели во Европа, се вели во соопштението.