(ГАЛЕРИЈА) Во домот на Џастин Бибер: Луксуз во куќа на езеро

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Џастин Бибер веќе повеќе од една година живее во куќа за изнајмување, за која плаќа по 80 илјади долари месечно. Не дека не може да си купи свој имот, но можеби преферира додека е млад да има слобода да се сели почесто.145b9c9fe04caa2cefdf02e6583dc76e

Имотот во кој Бибер неодамна живее, се наоѓа на езерото “Толука Лејк” во Лос Анџелес (Северен Холивуд).

Поп ѕвездата си има свој кеј и чамец. Луксузната куќа има 10 спални, сала за игри, фитнес сала, 16 бањи и базен, пишува сајтот TMZ.

22-годишниот Џастин живее во запрепастувачка и во исто време доста пријатна куќа секогаш кога е на одмор од својата светска турнеја, а чести гости тука се неговиот татко Џереми и помалиот брат Џексон.

Видете слики на куќата во која Џастин живее во последно време во галеријата.

Фото: dailymail.co.uk