Финале на Националниот натпревар за избор на Мајкрософт офис специјалист

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Финале  на Националниот натпревар за избор на Мајкрософт офис специјалист за Македонија ќе се одржи денеска во Скопје.

download (1)

Во финалето влегоа 45 од 1.430 кандидати што се натпреваруваа во изминатиот период во Скопје и во други градови во државава во две етапи.Натпреварот, наменет за лица од 13 до 22 години, во Македонија се организира првпат. Победникот ќе ја претставува Македонија  на глобалниот натпревар во Орландо, Флорида.

Организатор е „Цертиадриа“ со поддршка на Мајкрософт Македонија, Стопанска банка ад Скопје, Здружението на информатичари на Македонија, Град Скопје, Општина Струмица и Семос едукација./МИА