Тетката на Ким Јонг- Ун откри љубопитни детали за детството на диктаторот

од desk3
117 прегледи

Тетката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун живее под лажно име недалеку од Њујорк, каде што има фирма за хемиско чистење, пишува в “Вашингтон пост”, пренесува Франс прес. Ко Јон-Сук и нејзиниот сопруг избегале во САД во 1998 г . од Швајцарија, каде што биле испратени да се грижат за членови на владејачката династија во Северна Кореја , вклучувајќи го и Ким Џонг-ун, кој учел таму.

20150812.wiuhxqjext

Ко Јон-Сук, сопругот И Ган и нивните три деца живеат во САД под лажни имиња. Таа е сестра на Ко Јон-Хјуи, една од сопругите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил и мајка на Ким Џонг-ун.

“Ким Џонг-ун не создаваше проблеми, но се лути лесно и му недостигаше толеранција”, раскажува тетка му пред американскиот весник. “Кога мајка му правеше обид да го прекори дека не учи доволно и игра многу, тој не и одговараше, но протестираше со други средства, како на пример со штрајк со глад”, раскажува таа.

Трамп: Путин е силен лидер, за разлика од беспомошниот Обама

Според Ко Јон-Сук севернокорејскиот лидер е роден во 1984 година, а не во 1982 или 1983 година, како што се смета. Тоа значи дека тој бил на помалку од 27 години, кога го наследил својот татко Ким Џонг-ил на чело на Северна Кореја. Синот на Кое роден истата година и двете деца играле заедно, раскажува таа.

“Тие со син ми беа другари во игрите од своето раѓање. Сум им менувала пелени и на двајцата”.

Омилената игра на малиот Ким Џонг Ун била кошарката и според Ко тој дури спиел со топката. Се смета дека Ким бил фан на Мајкл Џордан.

47095428.cached

Од почетокот на управувањето тој го примал на неколку пати во Пјонгјанг Денис Родман, познатиот соиграч на Џордан. Ким знаел од 1992 година дека ќе го наследи татка си на чело на Северна Кореја. Тоа станало јасно на осмиот роденден, кога добил генералска униформа и високи севернокорејски воени лица се поклониле пред него.

Ко Јон-Сук и нејзиниот сопруг се претставиле во амбасадата на САД во Берн. По неколкумесечни испрашувањата тие добиле можност да се населат на неколку часа од Њујорк и создале фирма со финансиска поддршка на ЦИА. Нивните три деца имаат завршено универзитет и работат во САД.

Двајцата сопружници се уште работат за ЦИА, но И Ган вели дека не предале никакви тајни. “Ние не знаевме ништо”, објаснува тој. “Само се занимававме со децата и им помагавме во учењето”. И двајцата се трудат да чуваат лични тајни и зборуваат претпазливо за Ким Џонг-ун, кого го нарекуваат само “маршал Ким Џонг-ун”.