Не сме сами! Открија можност за присуство на живот на уште една планета

од desk3
96 прегледи

Научниците открија можност за биолошки живот на уште една планета слична на Земјата, пишува “Индипендент”. Станува збор за “Kepler 62f”, која се наоѓа на 1200 светлосни години од нас. Планетата, откриена во 2013 година од телескопот на НАСА “Кеплер”, е за 40% поголема од нашата и е можно на неа да има океани. Таа е надворешната од 5 сферични тела кои кружат околу ѕвезда која е помала и поладна од нашето Сонце.

1464423502-wallp-oformi-net11-1

Нови компјутерски симулации на можните видови атмосфера на “Kepler 62f”, покажуваат дека постои можност таму да има живот. Истражувањето е дело на научници од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес.

“Откривме неколку атмосферски композиции кои овозможуваат доволно задржување на топлина, дека на површината има вода во течна состојба. Тоа ја прави сериозен кандидат за погодна планета “, изјави шефот на истражувањето д-р Аомава Шилдс.

Растојанието на Kepler 62f од ѕвездата прави потребен ефект на стаклена градина со доволно јаглерод диоксид атмосферата, кој озвозможува водата на неа да не замрзне.

Сепак, можни траектории на орбитата би дозволиле во одредени моменти од годината со зголемена температурата на планетата до блиска до земјината дури со пониски нивоа на јаглерод диоксид.

“Така можат да се топат ледените слоеви, формирани во други сезони”, додаде Шилдс.

Досега се идентификувани над 2300 планети надвор од Сончевиот систем.