Левица: Апелационот суд да го укине куќниот притвор за Савески и Куновски

од desk3
205 прегледи

Партијата Левица денеска побара од Апелациониот суд да ја прифати нивната жалба и да ја укине мерката куќен притвор за членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски.

– Савески и Куновски се држат во куќен притвор веќе 36 дена. Ние се сомневаме дека тие ќе бидат во куќен притвор максимални 60 дена. Ваквата мерка е престрога имајќи ги во предвид доказите со кои располага обвинителство и со оглед на фактот дека и Савески и Куновски немаат никакво прекршоци во минатото – изјави Бранимир Јовановиќ пред Основниот суд Скопје 1 каде во 11 часот е закажано судењето на Савески и Куновски.

levica-sudenje-860x680

Јовановиќ рече дека според нивни информации, одлуката за куќен притвор е донесена под силни притисоци на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски и обвинителката Снежана Бундалевска.

– Според нас станува збор за политичка, а не за правна одлука. Ова е со цел да се заплашат демонстрантите и да се запрат протестите – рече Јовановиќ.

Тој вели дека ова се случува во ситуација кога се врши голем притисок врз демонстрантите, кога тие се повикуваат на информативни разговори во полиција, а синоќа беше приведен и еден од нив.

– Иако нашето правосудство е такво какво што е, ние сепак веруваме дека постојат судии со личен и професионален интегритет кои ги почитуваат законите и правдата. Се надеваме дека ќе донесат праведна пресуда – рече Јовановиќ.

 

META

Слични содржини