Пратеничката група на СДСМ, при формирањето на Комисијата за одговороност на Иванов, со писмен поднесок, побара Трајко Велјаноски да обезбеди спроведување на Деловникот на Собранието. Согласно неговата деловничка и законска обврска да се грижи за примена на Деловникот.
Реакцијата изостана, Велјановски не обезбеди спроведување на Деловникот на Собранието. Со оглед на тоа што Трајко Велјановски не презема ништо за заштита на Деловникот на Собранието, СДСМ денеска поднесе тужба до Управниот суд.
Со тужбата се оспорува одлуката за формирање на Комисија за импичмент заради тоа што истата е спротивна на член 206 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Одредбата од членот 206 став 2 од Деловникот предвидува: Комисијата за импичмент има претседател и десет члена кои, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, ги избира Собранието, при што се обезбедува соодветна застапеност од пратеничките групи и пратеници кои не се организирани во пратенички групи.
Ѓорге Иванов прекрши Закон и Устав за да ги помилува функционерите од ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кршат Деловник за да го помилуваат Ѓорге Иванов.
Сега судиите на Управниот суд ја имаат одговорноста дали ќе продолжат да бидат извршители на наредбите на Груевски или си ја вршат функцијата заради која се избрани – да го спроведуваат правото и да придонесат за враќање на правната држава во Република Македонија се вели во изјавата на Рената Десковска во врска со поднесената тужба против претседателот на парламентот Трајко Вељановски