Филипински претседател: Убивајте корумпирани новинари

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Наместо да ги заштити новинарите од убиствата, овој човек упати повик за убиството на корумпираните од нив.

4854612 Медиумски групи на Филипините реагираа бурно на изјава на новоизбраниот претседател Родриго Дутерте дека е оправдано корумпирани новинари да бидат убивани. Дутерте кој минатиот месец победи на изборите со голема предност даде ветувања да ја  прочисти земјата од десетици илјади криминалци,а за новинарите изјави дека поддржува и новинари да бидат убивани, ако  земале поткуп или учествувале во други корупциски активности.

“Тоа што сте новинар, нема да ви поштеди од убиство, ако сте кучкин син”, рече претседателот во одговор на прашање како ќе се справи со притисоци  над новинари по убиството на новинар во Манила минатата недела. Филипинската национална унија на новинарите ги  окарактеризира коментарите на шефот на државата како “ужасни”. Организација не негира дека и во медиумската средина има корупциски проблеми, но тоа не е оправдување за убиство. Во специјално соопштение на новинарската организација се вели: “Тој (претседателот) официјално ја отвори сезоната за замолчување на медиумите, како на одделни новинари, така и на институции, само врз основа на чувството за корупција”.

Филипините се една од најопасните за новинарска работа држави. Откако пред три децении падна диктатурата на Фердинанд Маркос, во земјата биле убиени 176 новинари. Според претседателот Дутерте загинатите новинари не биле убиени за ништо. “Ако сте чесен новинар, ништо нема да ви се случи”, посочи шефот на државата. Организации за заштита на новинарите во Филипини и САД стравуваат дека позицијата на Дутерте ќе го отвори рацете на криминалци да отстрануваат физички претставници на медиумите. Организацијата “Репортери без граници” повика Филипините новинари да ги  бојкотираат прес-конференциите на претседателот, додека тој не се извини.