ЛП: Оцените на Заев за „брзи избори“ се неприфатливи

од desk3
84 прегледи

Неприфатливи се оцените изречени во вчерашно интервју за новинската агенција „Бета“, на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека „опозицијата се повлекува од условот одвојување на партијата од државата“, реагираат од Либерална партија.

LP-novo-logo

„Либералната партија предупредува дека без одвојување на партијата од државата, нема ниту владеење на правото. Ваквите изјави се подривање на граѓанскиот процес, општеството и на тековните протести“, се наведува во соопштението.

Партијата оценува дека застапувањето на идејата за „брзи избори“ оди само во прилог на Груевски и на власта.

„Определбата за брзи избори ќе го принуди опозиционерот допрва да се откажува и од други принципиелни ставови само за да дојде до брзи избори. Со брзи избори, нема оспособени институции, а институциите спроведуваат избори. Веќе се виде дека влада составена само од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и од СДСМ не може да ги оспособи институциите. Спомнатото интервју е поучно за македонската јавност бидејќи укажува на фактот дека преговорите во затворен круг на „четворицата големи“, сè повеќе добиваат изглед на штетно манипулирање со интересот на граѓаните“, стои во соопштението на ЛП.

 

МЕТА