Вратија во затвор кинески мафијаш поради бурна забава по повод ослободувањето од затвор

од desk3
72 прегледи

Кинески мафијаш беше вратен во затвор поради гласна забава организирана по повод неговото ослободување. Чен Јуз бил пречекан од стотина свои пријатели, откако последните 7 години поминал зад решетки.

Image_5550170_126

Во последните 20 години тој лежел неколку пати во затвор поради различни причини – грабеж, коцкање и хулиганство. За организирање на нелегални коцкања лежел во последните 7 години. Секој пат кога бил ослободуван, тој повторно заземал важно место во мафијашките кругови и го обновувал своето влијание.

Неговите пријатели овојпат му приредиле спектакуларен пречек. Повеќе од сто луѓе го придружувале по Пекингшките улици, а во поворката се вклучиле 6 Хамери, 22 Ровери и 30 Мерцедеси.

При самиот пречек бил одржан посебен ритуал со истрелување на огномет, за да бидат протерани злите духови. Бучната забава траеше три дена, а станало јасно дека ритуалот не помогнал многу-многу. Полицијата го приведе Јуз за прекршување на јавниот ред. Органите на редот презеле нова истрага на неговата дејност.