Жените од Кина и се заблагодарија на комунистичката партија што мажите не им одат со други жени

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Партискиот шеф ги поучува: Помнете – строгоста помага, а наклоноста заведува.

1464885781-1 (1)

Сопругите на државните службеници од кинескиот град Вухан, провинција Хубеи, групно и се заблагодарија на владејачката партија дека мажите им се вистински и чесни, објави “Саут Чајна морнинг пост”.

Кинескињите ја искажале својата благодарност за време на форум за семејни прашања, на кој се дискутирало за создавањето на чесна семејна атмосфера и чување на традициите.

Жената на член на градскиот партиски комитет го искористела случајот да изјави: “Изразувам благодарност на раководството на Комунистичката партија за строгото почитување на партиската дисциплина и за подобрување на општата состојба. Сега мојот маж почесто си е дома и го троши времето со семејството. Начинот на кој го перцепира светот, исто така се подобри “.

Останатите учеснички на форумот го споделија нејзиното мислење.
На крајот на настанот Амо – Претседателот на општинскиот партиски комитет со ресор “Дисциплина” ги повикал жените да подржуваат партиските кадри “зад фронтот”. “Дискусија позитивни теми, запомнете: строгоста помага, а наклоност заведува. Не трошете политичка свест и бидете политички образувани “.