СЈО :За целосна правда целосно тргање на аболицијата- Ние не запираме со истрагите и работата !

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Специјалното јавно обвинителство во моментов води 7 истражни постапки за 60 лица, а нивниот број е во континуиран пораст, соопшти денеска портпаролот на СЈО Ленче Риствоска на прес конференција.lence1-777x437

Овие постапки се фокусирани на финансиски истраги за кои треба определен временски период за да може да се извлечат заклучоци. Целта како што рече Ристовска е да се покаже дека криминалот не се исплатува и оние кои го прекршиле законот нема да одговараат само кривично, туку ќе има и материјална казна, односно ќе им биде одземена материјалната корист. Ристовска потенцираше дека СЈО работи неселективно според Уставот и законите, така што сите осомничени се еднакви пред законот.

Во врска со аболицијата од претседателот Иванов, Ристовска рече дека истражните и предистражните постапки продолжуваат и се надеваат дека претседателот Иванов ќе ги исполни условите за да се реализира правдата.

– Нашиот став е познат: да нема селективна правда и ограничување на правдата ниту затајување на вистината. Се уште ја очекуваме и информацијата од претседателот Иванов, за тоа од каде му се информациите за нашите тајни предистражни постапки, изјави Ристовска, истакнувајќи дека барањата за тоа се доставени – првата кон крајот на април и втората на почетокот на мај.

Очекуваме дека претседателот Иванов ќе одговори на тоа од каде му се нашите  предметите за помилувањата  и аболицијата која предизвика вистински атак врз правдата. Таа ќе биде укината се надеваме целосно, а истрагите и постапките и покрај се не се запрени – ипосочи Ристоска .

ленче сјо

Не е точно дека не сме транспарентни,  има многу искривени објави за работата на СЈО.  Ние во иднина ќе објавуваме неделни прегледи на сите изјави кои сме ги дале, и јавноста ќе може да види кој како ги објавувал и што е вистината и нашиот став.

На прашањата за примањата и платите во СЈО , портпаролот на СЈО Ленче Ристоска  одговори дека сите  плати и хонорари  се во рамките на законите на РМ.

Во однос на изборот на вешти лица, ( Мирослав Грчев) изборот  бил на Архитектонскиот факултет, а немало законски пречки да не биде прифатен . До колку има сомнеж може да се придодадат други технички советници  за пророверка, ако има сомнеж , но законски нема пречки да остане вака како што е.Ние  потврдуваме дека законски ништо не е прекршено.

Во однос на случајот со Коста Крпач , Ристоска објасни: „Тој доброволно се јави за една постапка која не е објавена. Малку сме ограничени за тајноста на постапката и  она што можеме да го кажеме  е дека ние имама изјави дека имал закани и од кого,  и тоа го имаат и во ОЈО како докази за постапка. Но се работи за сензитивни информации и постапката е во тек па дури кога ке се направат услови ќе се објават сознанијата , и јавноста ке биде известена за сите околности на случајот КРПАЧ.. Треба да се знае дека тој бараше да биде заштитен сведок, и ние по тој основ претходно не сме можеле и да  ги информираме ниту  МВР ниту  ОЈО за тоа “.

Уште еднаш таа потврди дека за Крпач, не се даваат информации  затоа што е случајот е предистражна постапка и  како што рече ,”не сакаме да и  наштетиме на постапката”. До  ОЈО , подвлекува Ристоска  е доставено  се што имаме , и кога ќе заврши  можеме да видиме што е сработено , но ние немаме никакви сомнежи во нашите колеги .

Во врска со аболицијата , беше речено дека тие веруваат  дека Иванов ќе ги отповика сите одлуки  за аболицијата , без селективен пристап и правда, а нашите постапки за оние за кои е поништена аболицијата  си продолжуваат. Мерките на претпазливост ги превземаме, и важно е дека истрагите против сите кои ги поведе СЈО не се запрени- вели Ристоска.

За прислушуваните материјали има многу обемен материјал кој треба да се сработи,  и ја имаме предвид презумцијата на невиност. Постапките за предистражните постапките се во тек , и откако ќе се завршат дури тогаш ќе се работи на автентичноста  од каде се и кој ги работел овие материјали.Специјалното обвинителство има примено 540.646 записи на прислушувани разговори. Обвинителката Ленче Ристовски рече дека на 11 обвинители ќе им требаат година и половина само да ги преслушаат материјалите.

На прашањето за безбедноста Ристоска истакна: „Се чувствуваме безбедни  секако дека не е дека нема притосоци но кога ќе почувствуваме загрозување, ќе побараме соодветна заштита од МВР. Сепак ние сме многу внимателни по оваа прашање. За сега се обезбедува домот на обвинителката Фатиме Фетаи.лена

Наша работа не е да ги коментираме општествените процеси, и работиме согласно законските прописи, но во однос на блокирањата и соработката можеме да кажеме дека е лоша соработката со Министерството за финасии и со некои други институции, но се надеваме дека тоа ќе се надмине. Добра е соработката со банките кои ни помагаат во нашите истражувања .

Во однос на МВР, нам  не ни е јасно од каде министерот Чавков знае што ние имаме,  какви и колку  разговори,  и тоа ќе мора да го прашате него, изјави Ристоска.

Делумните аболиции го отежнуваат спроведувањето на правдата и истрагите, и тој селективен пристап ги отежнува работите, и затоа е потребно целосно повлекување , беше речено на поставените неколку прашања на оваа тема.