Кабинет на Вељаноски: Седница за пратенички прашања последниот четврток во јуни

од desk3
118 прегледи

 
Кабинетот на претседателот на Собранието изразува изненадување од денешната прес-конференцијата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, затоа што тој пред неколку дена бил информиран дека прашањето за одржување седница за пратенички прашања ќе биде отворено во понеделник, на првата следна редовна координација со претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски.

veljanovski

Во овој момент, посочуваат од таму, се исполнети условите за следна седница за пратенички прашања и таа ќе биде закажана за последниот четврток во јуни.

Во претходниот период, седница за пратенички прашања не беше закажана од две причини – прво, затоа што не беа изминати првите сто дена од изборот на Емил Димитриев за премиер, и второ, затоа што беше распуштен Парламентот, посочуваат од Кабинетот на Вељаноски./МИА