Тоа се случи во 2009 година, и сè беше официјално. Админстрацијата на Обама стави на маса проектот за создавање на противракетен штит во Полска и Чешка и го остави да созрева таму за неодредено време. И тоа беше направено со невидена софистицираност – токму на овој ден во Полска беше одбележана 70-годишнината од инвазијата на СССР на нејзината територија во почетокот на Втората светска војна. По продолжените неколку месеци балетски пируети, придружувани од официјалните изјави на источноевропските земји (во кои тие беа “смирувани и убедувани” дека нивните стравови по тој повод се неосновани, она што беше неизбежно (и што требаше да се очекува), се случи.

Администрацијата на Обама, повикувајќи се на причини од буџетска природа, стави точка на договорите со овие двајца сојузници од НАТО, ревидирајќи го проектот од времето на Буш, кој предизвика иритација во Русија. Во замена претставници на администрацијата дадоа нејасни ветувања за обезбедување на “засилена заштита “од претенденото да стане нуклеарна страна – Иран. Реакцијата следеше без одлагање.
Еве што вели поранешниот претседател на Полска Лех Валенса:” Судејќи според она што го видов, можам да кажам за политиката што ја води претседателот Обама. На мене оваа политика не ми се допаѓа – и тоа не поради тоа што на Полска и е потребен овој штит, туку поради начинот на кој постапија со нас.
“Дали тоа беше големо изненадување, со оглед на” новата филозофија “на Обама за миро со Русија? Едвај. Од почетокот на август 2008 година, кога Русија упадна во Грузија, Обама постојано се залага за “надополнување” на односите со рускиот “партнер” на штета на својата доверба и довебата на сојузниците. Не е важно што источноевропските сојузници помогнаа во борбата против тероризмот.
Во февруари 2003 година претседателот на Франција Жак Ширак ја осуди Источна Европа за тоа дека таа станала за Европа “тројански коњ”, кои се претвориле во проводник на интересите на САД. Тогаш 13 држави од овој регион (од кои седум беа кандидати за влез во Унијата), потпишаа две отворени писма во поддршка на политиката на САД во однос на Ирак. Како резултат на тоа Романија и Бугарија мораа да чекаат до јануари 2007 година, пред да станат полноправни членки на ЕУ. Во средината на 2005 година Полска и Романија веќе беа во првата петорка од земјите чии војници војуваа во Ирак заедно со САД – секоја од нив испрати таму речиси 1.000 луѓе, а многубројни беа контингентите само на Велика Британија, Јужна Кореја и Австралија .
Амнести: Договорот за реадмисија меѓу ЕУ и Турција е незаконски и неодговорен
Притоа претседателот активно ја градеше својата политика, ги презема следниве карактеристични чекори : укинување на ембаргото во однос на комунистичка Куба; туп по рамото на тогашниот венецуелски диктатор социјалист Хуго Чавез на меѓународни состаноци; поздрав во знак на добредојде на кралот на Саудиска Арабија; согласност (поради причини од хуманитарен карактер) за позирање пред медиумите, стоејќи меѓу поранешниот претседател Бил Клинтон и севернокорејскиот диктатор-комунист Ким Џонг-ил. Покрај тоа, тој го испрати државниот секретар Хилари Клинтон на долги и напорни патувања по места, добро познати на него самиот – од рогот на Африка до Југоисточна Азија.
А во исто време потпретседателот Џо Бајден за време на познатата посета на Украина беше во центарот на настаните, предизвикувајќи сензација под наслови од вид на “Саботба вечер со директен пренос”, и исто така ја држеше одговорно тогашната Уставна влада на Хондурас за истерувањето на ” братот на Чавез “- поранешниот претседател Хозе Мануел Зелаја. Да, и да не заборавам – тој беше воздржан и стоеше во сенка, кога по изборите во Иран имаше масовни демонстрации против истиот овој режим, кој претендираше за нуклеарна држава, за заштита од потенцијални нуклеарни напади од кој беше замислен противракетниот штит во Источна Европа.
Колку и да е чудно, но причините кои го натераа Обама да ја промени политиката, се јавуваа насекаде, каде што беше можно. Во јануари 2009 година италијанското списание LIMES, посветено на геополитичките прашања, објави напис со наслов “ЕвРусија”, во која имаше карта на Европа под наслов “Кошмар на Обама”. На картата беа прикажани четири блока од земји, означени во различни бои: Русија и нејзините “партнери” (ЗНД и некои западни земји – жолто-портокалова боја), земјите од нејзината “оска” (повеќето западноевропски земји – во црвена боја ), “неутралните држави” (Турција и некои балкански земји – во зелена боја) и нејзините “непријатели” во сина боја (Велика Британија, Шведска, Балтичките земји, Полска, Романија и Грузија).
Во прилог во јуни и јули истата година германскиот Маршалов Фонд одржа селективна предизборна анализа на односите кон политиката на Обама по примерот на 12 земји од Европа (седум од Западна Европа и пет од Источна Европа, вклучително и Турција) и стигна до некои парадоксални заклучоци:
во Источна Европа бројот на жители, кои се со проемарикански расположенија, сочинуваљ речиси 80%, а од “обамаманијата” таму страдаа околу 65% од населението, при тоа во земјите од Западна Европа нивото на “обамаманијата” беше над 90%. Во јули до Обама беше упатено писмо потпишано од 22 познати источноевропски лидери. Тие изразија загриженост од тоа дека Источна Европа повеќе не претставува приоритетна точка во надворешната политика на САД.
Авторите на писмото предупредија за “погрешност на мислењето”, според кое регионот како целина е стабилен и се движи по патот кон целосна трансатлантска интеграција. Всушност овој традиционално проамерикански регион се однесуваше уште критично кон тоа дека САД се повлекуваат пред руските “ревизионистични власти кои реализираат планови од XIX век, користејќи тактика од XXI век”
Ако администрацијата би сакала да го демонстрира своето потценување во однос на своите верни источноевропски сојузници, едвај би можела да биде измислеан подобра постапка од ставањето на крст на противракетниот штит. Во тоа време, а и подоцна, беше целосно очигледно дека САД повеќе не ја сметаа за себе Централна и Источна Европа како предмет на огромно внимание. Русија извлече корист од тоа и се чувствува посигурна.
Но Американците не треба да бидат потапкани по рамото и да им бидат благодарен за “добрата работа”. Можеби тоа да беше “услуга за услуга”? Напротив, не. Тогашниот претставник на руското Министерство за надворешни работи Андреј Нестеренко веднаш го негираше постоењето на “таен договор”. Како и да било, но ако Русија би ги повлекла своите војници од Грузија, тогаш можеше да има причина да се сомнева дека имало заемен договор. Всушност тоа беше неповратен подарок од Обама за Русите послужен на сребрен послужавник во пресрет на неговата средба со Медведев очи во очи во септември 2012 година за време на самитот за нуклеарна безбедност во Сеул, а исто така во моментот на неговата неизмерна искреност пред “отворен микрофон”.
Иако, откако Обама дојде на власт, меѓународната политика на САД дефинитивно се промени за 180 степени, политиката на Русија како и предхотната “алармантна” изгледаше непроменета. Америка требаше да се доверува повеќе на Источна Европа, водејќи сметка дека таа го познава комунизмот од сопственото искуство. На крајот, подлабокото разбирање од источните на бројните аспекти (теоретски, клинички и практични) на тоталитарната идеологија на тоталитарното општество е многу поважна од знаењето што Обама го има стекнато за време на повремени и егзотични напади на интерес кон марксистичката литература во своите студентски години.
Ова се однесува на надворешната и внатрешната политика на Обама. Поради својата упорност во промовирањето на колективистички идеја на “еднаква партиција” тој успеа да создаде конфузија во Северна и Јужна Америка и значително да ја расположи Источна Европа. Во оваа ситуација зборовите на Џими Картер, дека тој бил “лишен од прекумерен страв од комунизмот”, изречени во 1977 година, изгледаат како шега – во еднаква мерка и мрачни, и трогателни. Претседателот Обама пристапи кон извршување на обврските, сметајќи дека тој ќе го “промени” американското општество, со “надеж” дека личи на Вил Смит во филмот “Денот на независноста” или на Морган Фриман во улогата на измислениот претседател од “Смртоносно влијание “. Но не се доби така.
Кога тој ги одби од себе сојузниците, врзани со непријателите, тој повеќе личи на Тери Криз во улогата на глупавиот претседател Камачо од филмот “Идиократија” .На крајот дури Камачо дојде на себе. Да се надеваме дека ние, како нација, нема да стигнеме до таму да живееме во овие ужасни “идиократски” времиња. / БГНЕС
………….
Автор на објавениот во “American thinker” коментар е Тибериу Диану, проучува проблемите на Источна Европа научник, автор на неколку книги.