Да си “нерусин” во Русија

од desk3
78 прегледи

 

Русин застрела сред бел ден во Москва гастарбајтери од Таџикистан. Само така, од омраза. Мажот го губи едното око, куршум го пробива неговиот череп. За тешката судбина на “нерусите” -пренесува DW.

0,,17156113_303,00
Го гледам во очите. Или поточно – само во едното, бидејќи левото веќе го нема. Черепот му е пробиен од куршум. Му претстојат многу тешки операции. Отсега е јасно дека неговото здравје е руинирано за цел живот.

38-годишниот Сулајмон Заидов е од Таџикистан. Раскажува како се дошло до овој напад, за што нема друго објаснување освен омраза. Омраза против сите “неруси” како него.

Во април оваа година Сулајмон патувал со својот внук во московското метро. “Не се сеќавам на која метро станица се качи овој маж. Оддалеку мирисаше на алкохол. Дрдореше нешто неразбирливо и наеднаш започна да не навредува”, раскажува Сулајмон. Кога го прашал пијаниот маж дали има нешто против таџиките, непознатиот извадил пиштол со гумени куршуми и почнал да пука. Прво го погодил Сулајмон во стомакот, потоа во главата. Потоа го насочил оружјето против внук му. Сулајмон се фрлил да го спаси со телото момчето и тогаш Русинот го погодил трет пат. Во окото.

0,,19297983_404,00
Кога пукањето престанало и патниците се разбегале во сите правци, пристигнатите полицајци тргнале да го апсат не пијаниот напаѓач, туку окрвавената жртва. Ништо чудно, всушност: гастарбајтерите од Централна Азија се под заедничко сомневање дека живеат нелегално во земјата. Дури подоцна полицајците го уапсиле мажот со оружјето.
“Властите сакаа да го прикријат случајот”

“Од 13 години доаѓам во Русија. Русите со кои сум работел, никогаш немале ништо против мене. Сите ја ценат мојата работа. Тука заработувам 30-40 илјади рубли месечно. Во Таџикистан би земал пет пати помалку”, раскажува Сулајмон. Затоа што зборува на својот мајчин јазик, разговорот ни го преведува неговиот братучед Дилшод Заидов. “Првично властите воопшто не помрднаа ни со прст, иако случајот е сосема јасен. Сакаа да прикријат сè и да го завршат процесот што е можно побрзо”, вели Дилшод.

Со приближувањето на летотото растат тензиите на грчките острови со мигрантите

Во моментов се води истрага против напаѓачот Сергеј Ц. – по обвинение за обид за убиство според став 105, став 1 од рускиот закон кривична постапка. Не е јасно дали судот ќе ја признае ксенофобијата за отежнувачките околности. Ова е многу важно за Сулајмон, но очигледно не и за властите.

0,,18221710_401,00

Според официјалните податоци на руските имиграциски власти, во моментов во земјата престојуваат 878 536 граѓани на Таџикистан. Речиси сите се гастарбајтери. Секоја година во Русија пристигнуваат над 1 милион работници од Таџикистан, кој е една од најсиромашните поранешни советски републики во Централна Азија. И секоја година над 1 милион гастарбајтери од оваа земја ја напуштаат Русија. Повеќето од нив се екстрадирани. Откако пред неколку години ги заостри уште повеќе законите за странците, Русија демонстративно работи на борбата против нелегалната миграција.

“Тука важи правото на посилниот”

“Многу често ги апсат мигрантите директно на улица”, раскажува еден од гастарбајтерите, кој сака да остане анонимен. “Во повеќето случаи станува збор за луѓе кои не можеле да се ориентираат во џунглата на бирократијата и да ги пополнат вистинските документи. Или пак не биле во можност да ги платат премногу високите такси за регистрација”, вели Каромат Шарипов, претседател на здружението ” гастарбајтери од Таџикистан “. “Ние живееме овде под мотото: Ако сакаш да преживееш, треба да се бориш. Тука важи правото на посилниот. Послабите секогаш страда”, додава Шарипов.

Нема официјална статистика колку таџики стануваат жртва на омразата против нив. Нема и податоци за бројот на убиените. Шарипов тврди дека секоја година во Русија умираат околу 1 300 таџики.

Сулајмон имал среќа – осакатен е за цел живот, но барем преживеал. Дали ги мрази Русите? “Не. И не мислам дека мажот, кој ме нападна, имал нешто конкретно против мене. Тој едноставно ги мрази сите неруси”, вели Сулајмон.