Започна третата голема офанзива против “Исламска држава”, дали е ова нејзниот крај…

од desk3
105 прегледи

Сириската армија, поддржана од руски воздушни напади, отвори нов фронт во војната против “Исламска држава” во источните региони на провинцијата Хама во близина на Ракка. Ова е трета голема офанзива оваа недела против самопрогласениот калифат, пренесе Ројтерс.Руски авиони нанесуваат масовни напади против ИД во регионот, а сириските владини сили напредувале околу 20 километри и се блиску до границата на Хама со Ракка, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

1465012149-1

Одделно поддржани од САД, силите на сириските Курди и нивни арапски сојузници продолжуваат со нападите против ИД во други делови на провинцијата Ракка и соседната Алепо.

Оваа недела тие почнаа исто офанзива кон градот Манбиџ во близина на границата со Турција со поддршка на контингент од американските специјални единици и со воздушна поддршка од меѓународната коалиција на чело со САД. Операцијата има за задача да го прекине пристапот на групата до сириските територии долж границата со Турција, кои нејзниите борци ја користат одамна за да придвижуваат борци од и кон Европа.

Да си “нерусин” во Русија

Анонимен курдски извор прогнозира дека сириските милиции ќе достигнат во Манбиџ за дена откако стигнале на 10 километри од градот. Претставник на Централната команда на вооружените сили на САД соопшти денеска на првиот брифинг за операцијата, дека ако таа се круниса со успех, ќе бидат ослободени од контролата на ИД најмалку 40 илјади цивили.

Претходно вчера американски авиони нападнаа позиции на ИД со авиони кои летаа од одборот на носачот на авиони “Хари Труман” во Средоземното Море. Носачот пред тоа беше во Персискиот залив.

Ова се првите удари, нанесувани од Американците од носач на авиони во овој регион по цели во Блискиот Исток по 2003 година, кога САД и нивните сојузници ја започнаа војната во Ирак. Командата на американската морнарица не прецизира веднаш кои биле нападнатите цели и дали биле во Ирак или Сирија, пренесе Ројтерс.