На интернет платформата на You tube се појави видео објавено од Senad Rasid од кое се гледа кавга помеѓу човек близок на пациент и медицински персонал. На видеото се гледа како човек моли за помош за човек со мозочен удар, а подолу на објавата стои:
“Млад човек со мозочен удар, а доктор Г. ужива со кафе, наместо да стане и помогне, а во меѓувреме во ходникот пациентот го удира уште еден удар. Пациентот 13 ден е во кома и се бори за живот во Карил”
Веродостојноста на ова видео засега не можеме да ја потврдиме.
