Најмалку 51 повредени при удар на гром на концерт во Германија

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Најмалку 51 лице се повредни синоќа за време на удар на гром на концерт во рамки на рок-фестивалот „Рок ам Ринг“, што се одржува на поранешниот аеродром во близина на германскиот град Мендиг, на околу 100 километри западно од Франкфурт.133201044-59223

Повредените лица се здобиеле со изгореници од различен степен, а 15 од нив се наоѓаат во критична состојба. Еден од повредените бил подложен на реанимација од страна на медицинските екипи уште на самото место на несреќата.

Според Дојче Веле, на концерот присуствувале 45.000 луѓе. Поради инцидентот, концертот бил прекинт, но продолжил по еден час.

Во рамки на фестивалот, кој трае од 3 до 5 јуни, за вечерва е предвидено концерт да одржи групата „Ред Хот Чили Пејперс“.

За време на ланското издание на фестивалот „Рок ам Ринг“ при удар на два грома беа повредени 33 лица.

Делови на Германија, Франција и Австрија последниве денови се зафатени од невреме проследено со пројни дождови, што предизвика полави во повеќе реони на трите држави

Слични содржини