Како ќе изгледа вирусот на иднината?

од desk3
79 прегледи

Последните откритија овозможуваат да се предвидат идните мутации на вируси и да се подготвиме за моментот кога старите вакцини и лекови ќе престанат да дејствуваат.

Еволуцијата се однесува како за цели организми и видови, така и за најмалите честички – биомолекулите. Набљудувајќи ја еволуцијата на белковините на вирус на грип, Џеси Блум во истражувачкиот центар Фред Хатчинсон во Сиетл се обидува да ја разбере логиката во измените и да ја предвиди следната мутација на вирусот.

0598581001464858968_543004_600x458

Во дадениот случај се интересни не самите вируси, туку нивните протеини – големи биомолекули кои се состојат од аминокиселини.

Составот на белковините е запишан во геномот на вирусот со секвенца од нуклеотиди; при најмали измени во неа се добива друг протеин: долгата молекула ќе се збира различно, ќе стапува побрзо или побавно во реакции отколку пред мутацијата, или воопшто нема да се менува

Сега Блум има на располагање вистински музеј на вируси – најстарите “експонати” во него ги терале луѓето да киваат уште во 1968 година

Со слични застарени вируси научниците објаснуваат како токму се мутирани тие. Важно е да се знае секој чекор, секоја заменета аминокиселина.

Така започнува и најголемото натпреварување во вооружувањето во историјата на медицината: Кој ќе се покаже побрз – мутираните вируси или луѓето кои ќе успеат однапред да се подготват за следниот вирусен напад.