Повеќе од 40 години по крајот на Војната во Виетнам десетици американски ветерани се одлучија да се вратат во далекуисточната земја. Некои од нив имаат тешкотии со адаптација во секојдневниот живот во САД. Други се враќаат за да ги откупат гревови од минатото, раскажува БиБиСи.
Еден од овие мажи е 66-годишниот Дејвид Едвард Кларк. Тој раскажува дека додека бил војник во Виетнам, по правило никаде не излегувал без оружје. “Мавтавме со автомати М16 во лицето на секој Виетнамец, кого сретнеме – мажи, жени, деца … Сакав тие да се плашат од мене. Тоа ми даваше поголема шанса да преживеам”.
Сега, 40 години по конфликтот, Кларк е еден од десетиците американски ветерани, кои одлучиле да се вратат во Виетнам и да го поминат остатокот од животот таму. Тој дури е оженет за локална жителка.
Шок во Москва: Путин го обелодени досието на легендарниот маршал Жуков
Многу од ветераните живеат во и околу градот Дананг, каде се наоѓала најпрометната американска воздухопловна база. Дананг е и местото каде што пристигнуваат првите американски војници во 1965 година
Кларк раскажува дека кога се враќа во САД, не поминува и ден, без да се сети за Виетнам. Често се буди ноќе, преплавен од пот, размислува да стави стапици околу куќа, “за да не дојдат до мене комунистите”. Вели дека наоѓал утеха само во алкохолот.
Во 2007 година мажот успева да го остави зад себе тешкото минато. Тој се враќа во Виетнам и за првпат ги искачува каментите планини кои некогаш ги одвојувале неговиот вод од непријателот. “Таму, на врвот, за прв пат почувствував во мир со себе. Немаше веќе бомби, борби, ловци кои летаат на мене. За првпат сфатив дека војната е завршена”.
Се смета дека десетици илјади ветерани го посетиле Виетнам по 1990 година, најмногу за кратки посети на местата каде некогаш служеле. Децении по падот на Сајгон (денес Хошимин) многумина сеуште се прашуваат за што се бореле.
66-годишниот Ричард Паркер признава дека по Виетнам го “изгубил фокусот” и две десетиелтија од животот му бил “алкохол, дрога и секс”. Работел претежно во ресторани, често се селел од град во град. Мачен е од спомените за разурнувања и смрт. Признава дека пред да замине да се тбори, е обучуван да мрази и да сака да ги убива комунистите. “Но кога си заминав од Виетнам, ги засакаф локалните луѓе. Како би можеле да бидат опасни? Тие сакаа само да одгледуваат ориз и да имаат деца”.
Со децении Паркер страда од Посттрауматски стрес, болест која ја имаат околу 11% од ветераните од Виетнам. Десетици илјади се самоубиваат.
Затоа за Паркер единствениот начин да се справи со демоните, е да се врати во Виетнам. Тој вели дека на местата каде некогаш се воделе борби, денес се живи и полни со надеж. “Додека не се вратиш во Виетнам, за тебе тој секогаш ќе биде земјата на војната”, признава Паркер.

