Експерт: ИД ќе падне откако ЕУ и САД ќе го запрат финансирањето

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Западна Европа може да ја одлучи судбината на Сирија, Либија и Ирак, но наводно не може да ги запре парите кон терористите.

20160605.xhqkexdnah

Чешкиот експерт Питер Макварт изјавил дека ИД може да биде поразена, ако ЕУ и САД престанат намерно да ги игнорираат нејзиното финансирање и поддршка од Турција, од Саудиска Арабија и други земји.

Во интервју за чешкиот портал “Парламентарни страници” Макварт истакнал дека кога станува збор за ограничување на активностите на таквите суверени држави како Сирија, Ирак и Либија, на Западот му се потребни само неколку часа за остварување на намерата, сепак за да се запре протокот на парични средства за ИД се уште ова прашање не е поставено за дискусија, иако сите разбираат дека токму тоа е основата за поразот на терористичката организација.

Чешкиот правник истакнал дека во случај на престанок на надворешната интервенција во работите на Сирија, а исто така и престанок на политиката на поттикнување може да се дојде до согласност за иднината на земјата.

Според него, во случај на слични активности секоја интервенција во работите на Европа од други земји ќе биде квалификувана како незаконска и ќе биде следена од законите. Западот сепак одржува интервенцијата во Блискиот Исток, констатира Макварт.

Правникот подложува на нагла критика отстапките предложени од ЕУ на Турција, нагласувајќи дека некои европски политичари се занимаваат со поткуп на Турците, за да запрат приливот на мигранти на Стариот континент, потврдувајќи дека овие активности се срам за Европа.