Кениска компанија разви соларни телевизори

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Новоформирана компанија во Кенија има развиено 16- инчен телевизор, кој работи благодарение на сончевите зраци, пишуваат СиЕнЕн.

Image_5554052_407

Причината за соларни производи е дека околу 5 милиони домови во земјата немаат електрична енергија, а од вкупно 45 милиони луѓе само околу 30 проценти поседуваат телевизор.
Според креаторите на пронајдокот производот на кој Кенијците најмногу се стремат е телевизор, а во провинциските делови на земјата луѓето одат со часови под жешкото сонце за да гледаат телевизија во најблискиот до нив град.
Компанијата веќе има продадено 5.000 примероци од новиот вид телевизори од февруари наваму и тешко се справува со зголемената побарувачка ..