ЛДП: Секој граѓанин има причина за бес и револт против оваа власт

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Либерално-демократската партија се приклучува на протестот на Шарената револуција, закажан за денеска во 18:00 часот пред Специјалното јавно обвинителство, стои во соопштението на партијата.

timthumb (1)

„Како конструктивна партија, која почива на принципите на демократијата, сметаме дека повикот и оправданоста за еден ваков масовен протест е фактичката состојба во државата, неоправдана и неправедна, во која власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја втурна Република Македонија.

Веруваме дека огромно мозинство од нашите граѓани ќе ја најдат причината, неопходноста, зошто мора да се побунат против оваа власт и да го изразат својот протест. Веруваме дека секој еден, после десет години тортура од врхушката на власт, е свесен од каде доаѓа бесот и револтот за овој протест“, велат од ЛДП.