Кејт Њупорт од катедрата по зоологија на Универзитетот во Оксфорд, која е автор на студијата, вели дека препознавањето на лица е тешка задача и досега се сметало дека тоа можат да го прават само примати чии мозок е поголем и посложен.
Паметни тропски риби можат да препознаваат човечки лица, иако мозокот им отстапува на овој на досега сметан став за попаметни од нив животни, соопштува списанието. “Сајнтифик репорт”.
Способноста да разликуваат човечки лица била демонстрирана за време на експерименти со риба стрелец. Тропските риби со должина од 5 до 10 см кои се хранат со инсекти и ситни животинки и кои истрелуваат водни капки од уста.
Наместо да се насочени во инсекти, рибите биле научени да пукаат во слики на човечки лица на компјутерски монитор, поставен надвор аквариумот.
Отпрвин, за да добијат храна, рибите требало да пукаат само во едното од двете прикажани нивните лица. Потоа им покажувале 44 лица, меѓу кои
рибите успеале да познаат кое било нивнаа цел.
Fish can recognise human faces, new research shows https://t.co/OD5YeUQZ1q pic.twitter.com/LUCVcPlw1J
— Oxford University (@UniofOxford) June 7, 2016
Рибите стрелци се ориентирале правилно дури и кога сликите биле црно-бели или премногу стандардни.
Кејт Њупорт од катедрата по зоологија на Универзитетот во Оксфорд, која е автор на студијата, вели дека препознавањето на лица е тешка задача и досега се сметало дека тоа можат да го прават само примати чии мозок е поголем и посложен .
Рибите стрелците немаат неокортекс – делот од мозокот кој се развила најдоцна во еволутивен процес. Кај човекот неокортексот управува со сетила за перцепција и јазикот.
Птиците, за кои неодамна беше откриено дека имаат неокортекс, исто разликуваат човечки лица.
Иако се поедноставено создадени, рибите покажуваат дека дури и не толку комплициран мозок може да се справи со комплексни задачи.
